Пред 4 години беше освежување за фудбалските фанови кога истрча на терен во финалето на Лигата на шампиони. Сега е заштитно лице на многу трговски марки и инфлуенсер кој заработува вртоглави суми со својата појава. Кинси Волански на најзабележлив начин го одбележа финалето во Лигата на шампионите во фудбал во 2019 година.
Тогаш таа искористувајќи го невниманието на редарите кои беа покрај трибината, истрча слободно на теренот притоа соблекувајки се на миниимум облека на која носеше натпис од блогот на нејзиниот дечко.
Ваквата реклама според разни ПР и маркетинг агенции кои се занимаваат со оваа дејност чини повеќе од 4 милиони долари, не земајќи го предвид фактот што популарноста на профилот на Кинси на Инстаграм пораснала вртоглаво со што постогнала 1.3 милиони следбеници за многу кратко време.
Инаку за нејзината постапка таа е казнета со 15 илјади долари за непримерно однесување за време на јавен настан.
Нејзиниот инстаграм профил оттогаш до денсе достигна 3.6 милиони следбеници кои лакомо ја очекуваат секоја нејзина објава на оваа социјална мрежа, што сигурно и дава висока финансиска вредност во маркетинг стратегиите на многу трговски марки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јееј! Доаѓа НАЈГОООЛЕМАТА новогодишна детска забава со Биби, Боби, Тина и Моника!
Бојана Скендеровски со „Тука сме“ испраќа порака дека секое дете заслужува да биде видено и слушнато
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста