Времето во кое живееме е лимитирано. Тоа што ќе го создадеме со секој момент го продолжува тоа време толку колку што се значајни делата на нашето залагање.
Почнувајки го овој текст кој сакам да биде рецензија за концертот на Ансамблот “Македонија” пред делчевската публика со еден поширок контекст, покрај музичко-сценското значење на овој концерт сакам да му дадам еден поширок контекст во однос на околностити и значењето на овој грандиозен културен настан.
Со концертот во концертната сала во Спомен домот АСНОМ во Делчево кој што започна во 19.00 часот и заврши во 20.00 часот- прецизно со секоја минута, со секој такт, со секој звук, со секој чекор на сцената, со секоја насмевка и гримаса на лицата на уметниците… името Македонија ја доживеа својата најубава и најавтентична манифестација пред публиката во Делчево.

Околу 250 граѓани на Делчево имаа можност вчера (четврток, 12.11.2026 година) да бидат дел од безвременската монументалност на Македонскиот идентитет пренесен преку музика, игра, фолклор, народни носии кои потекнуваат од сензибилитетот на 40-тината млади уметници на сцената но и нивние професори кои што своето знаење го пренеле на овие млади луѓе на најубав можен начин.

Програмата на концертот насловен како “Банди” беше возбудливо несекојдневна и досега невидена на сцената во Делчево.
Раскошот од традиционалната носија од јужниот дел на Македонија на музиките групи кои што биле дел од општествено јавниот живот пред повеќе од еден век со целата своја убавина и шарм влезе во секојдневието на делчевчани барем за едн час, со што беше упатена една безвременска порака на заедништво на Македонското постоење од сите краеви на Македонија пред делчевската публика.
Низ целиот концерт провејуваше едно славеничко доживување, весел и разигран призвук на некогапните јавни игранки, кои што го одржувале ведиот дух на Македонскиот народ низ вековите.

Специфичноста на инструментите кои се употребени во оваа концертна поставка од страна на оркестарот на сцената имаше свој посебен звучен колорит на разиграност и динамика која дава силна уникатност и автентичност на целиот сценски перформанс.
Младите играорци на сцената со врвна перфекција го трансфорираа тој звук во игра на телото секој на свој уникатен начин, но со интензивна униформна уиграност на колективот кој како гердан од бисери блескаше на сцената. Камерните хорски интерпретации на автентичните преубави песни од етнолошкиот регион на јужна Македонија потсетија на основните елементи на Македонската традиционална песна кои се карактеристични единствено за Македонскиот музички идентитет, кој што е недофатлив и недостижен за сите околни етно-музиколошки напори околу Македонија.
Концертот на ансамблот “Македонија” при Музичката академија- отсек за етнокореологија при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип во Делчево беше организиран ппо втор пат за речиси неполна година од страна на Националната установа Центар за култура “Никола Јонкков Вапцаров” Делчево под покровителство на Општина Делчево и Градоначалникот Иван Гоцевски.
По завршувањето на концертот во изјава за Дестинација Делчево Директорот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево Златко Начовски се заблагодари на публиката за присуството со што упати порака за значењето на овој концерт за неговата институција.
Професорот Владимир Јаневски од катедрата за етнокореологија на Музичката академија пру УГД- Штип пред камерата на Дестинација Делчево зборуваше за инспирацијата на програмскиот дел на содржините и генезата на целиот кореолошки израз пренесен на сцената.
Целиот концерт на Ансаблот “Македонија” пред делчевската публика за сите кои немаа можност да бидат дел од концертната магија во живо може да го проследат на видеото во продолжение:









СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уставните судови на Македонија и Босна и Херцеговина ја зајакнуваат соработката со Меморандум и билатерална средба во Сараево
Уапсен 50 годишен граѓанин на Штип кој се заканувал и физички ја нападнал својата сопруга
40 годишник од Кочани доби кривична пријава за нанесена телесна повреда врз неговата сопруга