БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Еволуција – Гимназија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На почетокот….

После завршувањето на осмото одделение, ви приоѓаат еден куп роднини, пријатели и познаници кои ве прашуваат “Каде понатаму“!? И вие му одговарате – Ништо, по се изгледа гимназија – а тоа значеше дека сте дел од поголемата група (не)насочени детишта кои се надеваат дека вистинското насочување ќе го одложат барем за 4 години, кога ќе се сметаат за попаметни отколку сега (“попаметни“ и не е баш вистинскиот збор…)

Првиот знак!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ние бевме првата генерација која не полагаше приемен испит!

И тоа веќе беше нешто. Се ми се чини дека нашите училишни педагози како предвреме сфатија за каков “капацитет“ се работи.

И затоа се ширеа најразлични верзии за тоа се како се одвивало во министерството за образование, имено некој од просветните работници кренал два прсти на еден состанок и рекол – “Зошто децата да ги малтретираме со разно разни тестови зошто да ги мачиме со ваква банална процедура, кога сите сме уверени дека децата за осум години ако не нешто друго ја научиле таблицата множење до 10 и знаат да читаат кирилица, што е доволно за една гимназија“!

Кога нешто лошо ќе започне …

Нешто што уште на почеток беше забележливо тоа беше мисата на поповите во нашето училиште за како што постарите мудро приговараа – за бериќетна година. Се сеќавам како денес да беше како мирисаше тој хемиски тестиран темјан, се сеќавам како сите бевме насобрани пред влезот шарајќи со погледите кон скалите каде што имаше еден куп сериозни сурати, идните наши класни раководители кои уште на почетокот за добредојде бараат потврди за платена партиципација -).

Поповите, темјанот, сет тој црковен ритуал за нас, тогаш повеќемина новопечени гимназијалци тоа нешто значеше како – Поможи Боже, уште сега во септември, да не одам во Август на полагање….

Фаза на запознавање 1

Тоа се правеше така “спонтано“ и искрено што просто ти идеше да заплакаш од среќа. Не беше толку лошо ако се има во оглед дека од толку многу дегенерици имаше и по неколку сјајни ликови (овде можевме да напоменеме и имиња, но маркетингот во денешно време чини пари). Воглавно, пред себе имавте една багра која се обидуваше да создаде гимназиски клас каде што никој нема да го изгуби својот штотуку стекнат идентитет.

Кратки патеки

Всушност насловот би можел да биде и “Ѕвездени патеки“ од проста причина што ако не нешто друго, интрото од самата серија го злоупотребувавме на најдобар можен начин. Знаете, онаа – Ние сме класот кој ќе ги направиме оние глупости кој никој досега во историјата на образованието не ги направил…

Него заминав во фантазијата , и да направам мал (но значаен чекор) рикверц кон реалноста т.е. Кратките патеки. Така, на почетокот во прва година гледаш една идеална работна атмосфера, озарени лица како кон стоп креваат рака, бубаат лекции, буквално се тепаат за оценки. За да не бегаш од часови, ми те лажат со чоколадни бонбончиња за да по некое време ни со “бомбоњера“ и милка чоколадо да не можат да те натераат да доаѓаш на училиште. Тоа време додека не ја сфатиме финтата за професорите беше ептен слатко и се разбира доста кратко…

Фаза на запознавање 2.

Шемата беше ваква – Ова се скалите лево ова се скалите десно. Скалите лево ти се за професори , скалите десно ти се за учениците. Движењето по коридорот ти е секогаш ограничено, не смееш да внесуваш храна во училиштето, треба да доаѓаш секој дневно швајцарски точно, затоа што вратите се затвораат и преку џамчињата цинично ти се смешкаат синоуниформирани лица кои се задолжени за општата хигиена во училиштето. Вецете ти служи исклучиво за неколку битни работи

(некои дури и какаа во него) Машкото веце ти беше затворено со триста катанци бидејќи сите лица кои се занимаваат со негово маратонско отзатнување поради искуството беа испратени во Ирак во некоја единица за борба со хемиски и бојни отрови. Женското веце беше собиралиште на пушачите најмногу поради својата стратешка позиција. Останатиот жив свет, замолуваше за време часовите да врши нужда.

Спортот

Неколку гимназиски ентузијастички класови секоја година се обидуваа да се натпреваруваат во фудбалскиот турнир што го организираше училиштето. На едната страна бевме ние градските боси деца спроти дечињата од стопанското, добро навежбани претходно на полјанка. Резултатот нормално беше 100 – 0. Ама за нив. Налет на резултатскиот пораз, кркавме и салам ќотек. Раце и нозе се кршеа , се штипеше и кај што треба и кај што не треба, ако беше само издраскан си поминал најлесно и честеше сокче. И така. Видовме не видовме , почнавме да играме пинг-понг.

Средношколскиот живот вон сколијата

После монотоната измината недела доаѓаше викендот. Или М.Џ.Ѓ.

(што во превод значеше можноста за џабе за се напрајш ѓон) т.е. да се испијанчиш највеќе што можеш. Зависи од филмот во кој беше секој влезен се правеа три работи – и тоа првата – тепање (во недостиг на кршење на школски инвентар) пиење ( текила парти 3 миљарди) и бркање џенски (женските пак си имаа дечковци или слично).

Распуст 1 дел (Зимски)

Дефиницијата за тоа што правиш за време на зимскиот распуст е буквално НИШТО. Само дремиш покрај огнот (зависи дали е приклучен на ефтината)

И така не добиваш ништо. Но те теши мислата дека барем не одиш на сколија.

Што ти значи средношколска пожртвуваност!!!

Добра беше идејата на чичковците и тетките во бели мантили да организираат крводарителска акција. Тие луѓе ти ја даваа најголемата гимназиска награда – оправдано отсуство цели два дена. На акцијата се јавија сите освен за жал несреќните малолетници….

“Добар е сонот за младиот средношколец“

Очи гурелави. Лице одамна неизмиено. Џвакаш мастика, лагодно, пополека ти се чини во хичковски стил за момент ќе почнеш да се задавиш. Ја потпираш левата рака на клупата (бонус е ако има парно покрај неа) и го тераш другарчето кое седи мирно до тебе секогаш да те известува кога професорот ќе се доближи до твоето спално место реметејќи ти ги слатките сништа и фантазии за тоа како си поминал претходната долга ноќ.

Распуст 2 дел (Летен)

Убавина. Шетање, акање, одмор, плажа , сонце … Живот. Тоа се само малкуте оскудни асоцијации кога некој ќе ти го спомене летниот распуст. Но како што даскалите често пати велеа во секое добро има и по некое лошо и во секое лошо има по некое добро – а во ова летно добро лето – лошо беше да одиш на полагање по било кој предмет. Со бела маица со прерамки со бермуди во хавајски стил, и јадранки на нозете, го правиш тоа што условите ти го налагаат. Другарчињата твои се собрале заедно и тргнуваат кон “базентот“ потсмевајќи ти се , додека ти утешно им го спушташ – А ко учевте вие јас тогаш уживав!

На крајот …..

Една од најубавите работи во гимназискиот живот ти е крајот. Тогаш скоро на сите им е убаво. На професорите им е жал што уште една генерација замина (т.е. мака им е што повеќе не не измалтретираа) и многумина од гимназијалците веќе го достигнале својот интелектуален максимум – можат да пијат и пушат пред довчерашните професори. Па така со една турбо фолк атмосфера се опишува се она што го преживеавме во голготата наречена Гимназија “Таки Даскало“.

П.С. Посветено на “палаковците“ од мојата генерација – Пискач, Пуфка, Лазе, Иван, Гоце, Старио, Џони, Зоки, Перо, Куна, Бале и др. -)

Пишува: Алекс Букарски

Креирано од:


Пренеси го гласот