БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мит бр. 1: Економската неизвесност, централизацијата и чувството на заборавеност го менуваат ликот на крајниот исток (За или Против)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Исселувањето од Делчево, Пијанец, Малешевијата и поширокиот источен регион на Македонија претставува еден од најсериозните демографски и социјални проблеми со кои се соочува државата во последните децении. Она што некогаш биле живи градови и села со полни училишта, денес постепено се претвора во средини со сè помал број млади луѓе и сè постаро население.

Според демографските податоци, Општина Делчево бележи значително намалување на бројот на жители во последните дваесет години. Овој тренд не е случаен, туку резултат на повеќе длабоки и долгорочни причини.

Преку наша аргументирана анализа ќе се обидеме да ги идентификуваме причините преку аргументи ЗА и аргументи ПРОТИВ за одредени митови или ставови кои што делумично се пласираат во јавност а кои според досегашното искуство не нудат делотворни решенија за надминување на несаканата состојба.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мит бр. 1: Економската неизвесност, централизацијата и чувството на заборавеност го менуваат ликот на крајниот исток (Брегалничкиот регион)


Заклучок

Поддржувачите на ставот тврдат дека економската неизвесност, долгогодишната централизација и иселувањето суштински го трансформираат крајниот исток на Македонија, оставајќи го со помалку жители, послаба економија и намалена јавна видливост. Од друга страна, противниците сметаат дека промените се дел од пошироки европски трендови и дека регионот располага со значајни потенцијали – туризам, земјоделство, прекугранична соработка и природни ресурси – кои можат да станат основа за нов развоен циклус.

Реалноста во Брегалничкиот регион и на крајниот исток во државата е дека состојбата на депопулација на овој од памтивек животен простор е комплексна материја која флуктуира во зависност од многу фактори. Само со фокусиран, широко распространет систем помеѓу институциите, граѓанските организации, приватнит економски оператори, едукативни центри и образовни институции и банкарскиот сектор може да се обезбеди иднина на одржлив развој за регионот, што би требало да биде цел на сите релевантни фактори кои размислуваат за доброто на заедницата

Креирано од:


Пренеси го гласот