БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Жал ми е што ќе ги разочарам вработените,
но и ние невработените сме напнати.
Клише би било да дебатирам за
беспарицата.
Некој би рекол, си уживаш. Не.
Друг би рекол, лежиш те боли курот.
Така само изгледа. А што те напнува? Зини
да ти кажам.
Има многу причини.
Носам пократка стара маица.
Јадев изварка, јогурт со жврчлав домат.
Имам лименки безалкохолно расфрлано.
Фрлени се и книги по подот, како алваџиски
тефтери.
Кредит на iphone неам.
Интернетот ми сече, последното сонце на
михољско лето пече.
Дали е градот или јас сум заспан, секое утро
се прашувам.
Се е магловито и сончевите зраци
одблескаваат.
Врвам на Магнолиа, а таму плоштад со тегли
мед.
Продавачот ми нуди, но јас го шахмахтирам,
не пиши од кај е.
Тој го вади шаржерот и пука: „Битолски,
ливадски”.
Премногу блиску за да изгледа веројатно.
Луѓето се омажени, се нишаат како во
филмовите на Белa Tarr.
Би било банално, но сум странец во родниот
град.
Често ми доаѓаат флешбекови од пред некое
време да умре татко ми.
Неколку дена живееме.
И ми вика: „Оди купи кисела вода.”
Одам до продавница и се враќам со неа.
„Браво, браво” – извикува, а јас се чудам што
сум направил толку деликатно.
Сиот период потоа го држи шишето и пие и
ми се заблагодарува.
На каучот во дневната е простирана нова
црвена маица. За мене.
Треба да ја пробам. Но, одбивам.
Ми изгледа како да е крвава.
Прашувам, зашто црвена?
„Затоа што нема друга боја во големи
броеви.”
Скоро секогаш одбивам нова облека.

Пишува: Алекс Букарски

Креирано од:


Пренеси го гласот