За љубителите на топлите но и зачинети вкусни напитоци во зимските денови ќе ви претставиме неколку рецепти кои не бараат труд а ќе ви се совршено вкусни , со потребните калории, за совршен ден…
1. Црно кафе со цимет – Свежо сварено црно кафе – Стапче цимет – Шеќер и шлаг пена, по желба Стапчето цимет се става во ѓезвето додека се подготвува кафето. Се остава 10-тина минути, за да го впие вкусот на циметот. После 10 минути се става во филџан и по желба се додава шеќер и шлаг пена за симпатичен богат вкус.

2. Макијато со лешници – Свежо направено макијато – Млечна пена – Сируп (течност) од лешници или ликер од лешници На веќе подготвено макијато, се додава една лажица сируп од лешници или ликер од лешници и се промешува.

3. Лате со карамела – Свежо направено еспресо – Млечна пена – Карамела Попарете го еспресото како и обично, а потоа ставете една лажица карамела. После овој магичен вкус сигурно ќе се заљубите во овој рецепт.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера