ЧУДНА НАСЕЛБА
Има во градот една ограда
на неа се напишани разни имиња,
каубојски чудни прекари
На таа ограда
потпис има
од Робин Худ и Буфало Бил,
на таа ограда
штом таму минал
автограм оставил
„коњот од Нил“.
На таа ограда
нацртан стои:
тигарот страшен,
снажниот лав,
на таа ограда
кутриот глувчо
в ќошенце стои
премран од страв.
На таа ограда
вцртани има:
бонбони разноразни,
карамели,
на таа ограда
сè нешто има
слаткари разни
дуќани цели.
Од таа ограда
штом сите слики,
вистински станат,
живи се сторат,
населба една цела ќе стане
за неа сите чуда ќе зборат.
————-
ВАСИЛ ПУЈОВСКИ
1946 година, Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија
2019 година, Скопје, Република Македонија
Вечна ти слава ткајачу на преубави детски соништа….

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]
Чествување што доликува на името Македонија: Вечер од Охрид и со серија спектакли потоа, народот во еден глас ќе каже: НИЕ ПОСТОИМЕ- МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ
Бугарскиот министер Трпешев на II заседание на АСНОМ: Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас…”