На денешен ден 13 октомври во 2003 година почина Последниот Македонски Цар.
Ѓорѓи Колозов е роден на 26 февруари 1948 во Богданци. Тој беше еден од попознатите актери во Република Македонија, кој исто така беше познат и кај македонската дијаспора, во Австралија, Соединетите Американски Држави, како и во соседните држави на Балканот.
По дипломирањето на ФДУ, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.Неговата популарност беше резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ базирани врз колекцијата на народните преданија издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби, (кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја, и за правото и моралот на Македонците), Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и останати автори на македонската народна литература.

Беше особено популарен кај младите генерации кои растеа со неговите приказни, досетки, реплики и мудрости.
Ликовите кои ги глумеше варираа во најширок обем на карактери како во долгометражните филмови, така и во хумореските, Македонските народни приказни, сериите и во театарот, но сепак негови најпознати улоги меѓу народот беа оние на Царот, Просјакот, Господ-Бог, Кадијата и слично.
Некои луѓе имаат само датум на раѓање.
Ѓорѓи Колозов е еден од нив.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун