„Ти никогаш нема да бидеш левичар“ — ми напиша една другарка. Како?
„Па пишуваш постојано за пијаната работничка класа. Не си Пруст.“
„Точно“ — ме стави во замисла.
Но, откако се вратив дебел од Скопје ги прашав левите радикали каде да одам.
Се вратив во друга Битола.
„Теретана“ — ми рекоја. Но, одбив.
Оди на вратила. Исто. Чаре?
„Ќе одиш на базен.“
Пораснав на Довлеџик и 1997 продавав сладоледи. Тогаш прв пат сфатив дека некои купуваат, а некои само гледаат. Скриен детаљ за моите биографии.
„Сите други места освен библиотеката во која одиш бараат пари кои ги немаш.“ — рече Мантрашевски.
„Кој базен е тој?“
„Олимпискиот.“
„Но, немам пари. Океј може да најдам 100 денари за еден ден.“
„Има catch“ — рече Мантрашевски.
„Кој?“
„Одиш после 6 попладне. На врата никој не кине карти. Фрлаат хлор во 7. Но имаш твој пролетерски саат.“
Имаше сезонска Мантрашевски. И наочарчиња за пливање.
Пливаше наутро и идеше во шест со мене.
Олимписки е, плав, но не многу голем. Во него сите изгледаат помали отколку што се.
Под падините на Тумбе Кафе.
Почнав да пливам, вертикално.
И јас како Мантрашевски пливав додека над тебе не почнеше да истура хлор работникот. Тој чекаше да допливам.
И почнуваше.
Нема поголема работничка солидарност.
Се прочу мојата навика да слабеам пливајќи.
Еден угледен човек, преведувач во театарот, на теревенка на „Солунска“ пред сите ми рече: „Како не ти е срам, да се шлапаш со Ѓупците.“
„Олимписки е… егалитарен“, реков, којзнае како ме сфати.
Пишува: Алекс Букарски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ана Симонова: ОЦЕНКАТА НЕ СЕ НАСЛЕДУВА. ЗНАЕЊЕТО СЕ СТЕКНУВА
Ијан Мекјуан и кожата на маса
Прогласи на ѕидот