Интернетот sux.
Не го има тој шарм одамна.
Порано не можеше секој да има пристап. Или ретко, или малку.
Сега ми е како да објавиш проглас на улица.
Порано таму висеа ексцентрици, отпадници, маргиналци — претежно.
Денес навистина можеш да пратиш расказ за час-два, преку AI, во педесет земји.
Но сите имаат преполни inbox-и.
Порано, кога ќе напишеш нешто, тоа тежеше.
Плус, постарите писатели беа против интернетот воопшто.
Додека во очите на авангардата, некој што пишуваше на интернет беше по дефиниција модерен, современ, во тек.
Сега сите се модерни. Затоа никој не е.
Во 2000-тите бев малку искривен од седењето на PC.
Имаше луѓе што организираа играње карти, бељот, во улицата на Ѕвончарите.
Масичка, столици, чаљо-шитната, ромбиљот. Се слушаше плескање на пластифицирани шпилови.
Постарите генерации почнаа да играат фудбал во тој ретро бран. Ме викаа и мене.
И ние, литераризираните: „Смири ја на гради, топката.“
„Кој гради, ебате?“ — викаше Цици. — „Смири ја на цицки.“
Братучед ми ги откри плочите.
Сестра ми беше првенец во стрелаштво.
Последните обиди за здружување пред атомизацијата. Зошто Муфата викаше:
„Што ни преостанува? Да си ја клајме јамката…“
Богами.
Мислиш, западот удри на интернетот.
Гледаш дунди што се сликаат во готски фустани, се сликаат во ресторани, се сликаат дека читаат. Се сликаат дека живеат.
Кој ги плаќа тоа?
Некој од бордот на Substack.
И пишуваш на мочлата дека е претенциозна — и те исмејуваат.
И креираш бесплатен content.
Пишуваш расказ. Го праќаш во педесет земји. Чекаш.
Одговор нема.
Само ѕидот останува.
И прогласите.
Пишува: Алекс Букарски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СВИЖДАНЕ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето