Она што беше најинтересно беа нашите патувања кон Делчево.
Немавме радио во автомобилот, но јас не престанував да зборувам додека возевме. Татко ми викаше:
„Ти си радио.“
Потоа, низ разговорот, чув како објаснува дека некои роднини ги знаел од Свиждане.
Одевме на роднини во Кочани. Еднаш не одведоа во трговски центар, но тој не ми остана во сеќавање. Останаа мостовите над коритото, скриено во зеленило — розови и виолетови. Станаа долгогодишна фасцинација.
Имав роднини и во Радовиш, и речиси во секое гратче во Источна Македонија. Луѓето беа испреплетени.
Со баба ми го правевме семејното стебло. Изброив над седумдесет втори братучеди. Таа беше застрашувачка: сметаше дека е деликатно да излегувам навечер во Делчево, зашто можев да се заљубам во роднина.
Постојано зборуваше за Свиждане.
Што е тоа? До ден-денес не ми е сосема јасно.
Роднините, Македонци разделени со граница, повремено се среќаваа на граничен премин.
Обично ние, помладите, се смеевме на секоја традиција без да ја разбереме нејзината намена.
Да имаш средба — макар организирана само за да се знаете.
Без големи зборови, мислам дека е благородна иницијатива. И не треба да се подлегне на идејата за ембарго.
Пишува: Алекс Букарски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час