Во издание на КЛИК е-издаваштво е објавен новиот тинејџерски роман на Љупчо Димитровски, хумористична и сатирична приказна за двајца неразделни другари кои се уверени дека го разбираат светот подобро од своите родители, наставници, па дури и од политичарите.
Буле, односно Буревесник, има четиринаесет години, голема самодоверба и уште поголеми амбиции. Тој е поет, мислител, самопрогласен реформатор и лидер. Куле, односно Кураженко, му е најблизок соработник и другар. Заедно со дружината го основаат индијанското племе Смокови, кое потоа го претвораат во политичка партија, а подоцна и во комитска чета.
Низ 42 поглавја, во карактеристичен разговорен јазик, авторот ги следи нивните идеи за училишните реформи, поезијата, политиката, технологијата, првите љубови и односите со возрасните. Нивните самоуверени заклучоци ја откриваат несовршеноста на општеството што ги воспитува и противречностите на младешкото созревање.
Романот е придружен со книжевно-критички предговор посветен на раскажувачката постапка, јазичната игра и општествената сатира.
Жанр: тинејџерски роман | ISBN: 978-608-4712-17-6
Е-книгата се купува преку Panoptikum.mk, а се чита во е-Библиотека Паноптикум преку кориснички профил, на компјутер, таблет или мобилен телефон. Купеното издание останува трајно достапно во личната библиотека на читателот.
Со оваа објава продолжува проектот „160 книги во 160 недели“, започнат во јули 2026 година.
Страница на книгата во е-Библиотека:
https://biblioteka.panoptikum.
Повеќе за проектот:
160 книги во 160 недели – КЛИК е-издаваштво

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар