Имајќи директно искуство и познавање на процесот за заштита на нематеријални културни наследства од значење на човештвото под заштита на УНЕСКО, не е премногу амбициозно е да се каже дека традиционалниот народен карневал под маски познат помеѓу народот како “Ѕвегорска сурова (сурва)” е убавина, традиција, вредност која ги има сите белези потребни за да оваа народна манифестација да го започне процесот за заштита за да се вброи на репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријални културни наследства од значење за човештвото.
Станува збор за жива традиција која ги има задржано сите свои автентични белези од памтивек до денес. Во себе содржи многу богатство на народен дух, верувања, легенди, убедувања, кажувања, материјални симболи изработени од природни материјали, нематеријална симболика и активности и акции кои го карактеризираат овој настан оваа манифестација по своите автохтони специфики кои во себе содржат универзални човечки вредности за секоја човечка цивилизација.
Поднебјето на Македонија но и пошироко на Балканот на разно разни начини го манифестира Василичарскиот обичај согласно локалните специфики на микрорегионот каде што тој се спроведува.
Но во селото Ѕвегор, енергијата и вриежот на традицијата на Ѕвегорската сурова е толку голем и автентичен што слободно може да се потврди дека е најавтентичен и најдостоен на традицијата која од памтивек во Пијанечкиот регион играла огромна улога во секојдневието на жителите на овој етно-географски простор.
14-ти Декември 2020 година е зад нас.
Во продолжение од фејсбук страната Дестинација Делчево ги пренесуваме нашите фотографии од овогодинешниот настан.
Дојдено е време за чекор понатаму!
Со гордост и светла визија веруваме дека овој текст како и повеќе наши други текстови и сознанија околу Ѕвегорската сурова ќе бидат своевидна провокација за обрнување на поголемо внимание од страна на сите ентузијасти ПРЕД СЕ, па понатаму до претставниците на официјалните институции како во општината така и на национално ниво да започнат процес за Заштита на Ѕвегорска сурова како нематеријално културно наследство под заштита на државата, за потоа да се продолжи на меѓународен план да се заштити оваа огромна убавина и воопшто богатство под закрила на УНЕСКО.
Вредноста која што со себе ја носат овие луѓе и нивната посветеност и активности околу овој настан треба да биде заштитено и ставено на увид на целокупната светска јавност во неговата изворна форма.
Имаме со што да се гордееме.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Таа е најисточната пештера во Македонија: “Коњска дупка” во село Град, делчевско крие тајна која малкумина ја знаат
Пијанец- Малеш имаат со што да се гордеат: Богатството со квалитетна модра слива е силен предуслов за одржлив рурален развој на регионот
Црква “Св.Архангел Михаил” од село Драмче била најшарена црква во своето време