БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани ги повикува спортските клубови, сојузи и здруженија, коишто во 2026 година користеле средства од општинскиот буџет, да достават извештај за наменското и транспарентно трошење на доделените средства.

Извештајот треба да содржи преглед на реализираните активности и постигнатите спортски резултати, како и финансиски извештај за потрошените средства, поткрепен со соодветна документација.

Крајниот рок за доставување на извештаите е 25 ноември 2026 година, во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Поднесувањето на извештајот е услов за спортските клубови, сојузи и здруженија да можат да користат средства од Програмата за спорт на Општина Кочани за 2027 година.

Јавниот повик со образецот за извештајот е објавен на веб-страницата на Општина Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот