БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гитаристот на Queen- Брајан Меј како активист за зачувување на природната животна средина и биодиверзитетот во Англија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Англија изобилува со раскошни природни предели богати со растителен и животински свет. Потребата од создавање и одржување на живописни природни простори во срцето на една од најазвиените земји со ограничен животен простор за над 56 милиони резидентни жители на развиената островска земја не е само тренд туку начин на живод за кој што се одвојуваат огромни суми на пари кои што на крај на денот како инвестиција треба да го подобрат животниот стандард на нивната популација.

Во близина на живописното село Шитертон лежи распространа “Шумата на Меј” на 157 акри на земјоделско земјиште која егзистира од 2013 година. Гитаристот на светски популарниот Поп-Рок бенд Queen Брајан Меј во септември 2013 година го откупи ова земјиште со намера да го претвори во зелен коридор за сите животински и растителни водови кои што егзистираат на ова подрачје. Уште од почетокот Брајан Меј започнал ова сопствено парче природна убавина да го обликува во рамки на својот долгорочен повеќегодишен план.

Речиси 10 години потоа откако на 28 септември 2013 година го засадил првото дрвце во сега преубавата шума, на терен може да се види убавината на неговата идеја на која посветил голем дел од неговиот живот.. Рок легендата кој што е Професор доктор по астрофизика е исто така борец против ловот на лисици и куни кои што имаат долга традиција во англиските општествени кругови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Засадувањето на дрвјата било со цел од овој благороден потфат да имаат директна корист сегашните но и идните генерации. Планот започнал со садење на 100 илјади садници на дрвенасти растенија во период од 12 месеци. По ваквиот развој на настаните локалните жители во областа местото го нарекле “Шумата на Меј” кое што име се обнародило иако првичната идеја на основачот била местото да се вика “Save Me Woods” според името на кампањата која што претходно ја започнал самиот Меј. “Пумата на Меј” е поделена на осум предели кои што во секој од нив има различни водови на дрвја. Во рамки на проектот Брајан Меј наредно планира во областа да воспостави инфраструктура која што ќе биде во содејство со природата а од која што ликалните жители ќе имаат соодветна економска корист, како што се поставување на Центар за посетители, информативни табли покрај растенијата и поместување на селското училиште поблизу до шумата каде што децата ќе имаат можност одблизу да се едуцираат за потребата од зачувување и унапредување на здрава животна средина.

Ваквата благородна идеја многу лесно може да заживее на секој агол од земјината планета а особено во земји како Македонија.

Што се чека?

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace