Планинарскиот клуб “Ентузијаст” од Струмица ги повикува сите љубители на планината и природата воопшто на едно поинакво планинарско доживување. Станува збор за реализација на Ноќно искачување на “Ѕвезден Врв“ на ппланината Беласица, кое што ќе се спроведе на 27 и 28 јуни.
“Семер Кајас, познат и како Ѕвезден Врв, е еден од највпечатливите врвови на Беласица, што пружа вистинско уживање и восхитувачки поглед кон околината. Повелете сите на една поразлична ноќна планинарска тура, каде магичните ѕвезди ќе не следат цела ноќ и ќе не остават без здив.
ΠΡΟΓΡΑΜΑ
Сабота
– Тргнување од ресторан “Атлантис“ – с. Смолари во 11:00 ч.
– Пристигнување на планинарски дом “Шарена чешма”.
– Сместување во домот или шатори (по желба) и одмор.
– Ручек
– Забавни активности.
– Поаѓање кон Ѕвезден Врв во 20:00ч.
– Пристигнување на Ѕвезден Врв.
– Враќање кон Планинарски дом “Шарена чешма”.
Недела
– Одмор и релаксација на Планинарски дом “Шарена чешма”
– Опција: прошетка до Ѓаволски Мост 08.30 ч.
– Ручек
– Враќање во с.Смолари во 15:00 ч.
ОПИС НА ПАТЕКАТА
– Се тргнува од с. Смолари од 382 мнв.
– Се оди по одбележана планинарска патека, низ густа костенова и букова шума два и пол часа до Планинарски дом “Шарена чешма“ 1.276 мнв.
– Од Планинарскоит дом “Шарена чешма” (1.276 мнв) се оди по колски пат и за 2 часа се пристигнува на Ѕвезден Врв (1.877 мнв). Врвот нуди величествен поглед кон двете соседни земји Бугарија и Грција, како и кон целата Дојранска котлина – Дојранско езеро.
– Враќање по истата патека. Патеката е средно тешка. Се совладува висинска разлика од 1.495 мнв и вкупна должина во двата правца од околу 20 км.
ПОТРЕБНА ОПРЕМА
– Разгазени планинарски обувки;
– Челна ламба (задолжителна);
– Топла облека;
– Кабаница;
– НАСМЕВКА и добро расположение.
НАПОМЕНА
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите. Во спротивно, самиот е одговорен за несаканите последици.
Движењето се одвива во група.
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО И ИНФОРМАЦИИ
Пријавување со име и презиме, најдоцна до 25 јуни (четврток).
– Котизација 800 денари за сместување во планинарскиот дом.
– Котизација 600 денари за сместување во шатор
– Обезбеден е превоз на шатори и вреќи за спиење од с. Смолари до П.Д. „Шарена чешма”.
– Обезбеден е ручек на П.Д. „Шарена чешма” за сабота и недела.
– Секој учесник добива dry fit маица со принт од настанот.
Томе – 075 301 532
Коста – 078 595 285
Павлинка – 078 216 714″
-стои во промо информацијата пренесена преку социјалните мрежи на клубот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција