БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка [галерија]

Пренеси го гласот

Елизабет Камбаж (Elizabeth Cambage) е австралиска професионална кошаркарка и модел. Родена е на 18 август во 1991 година во брак на татко од Нигерија и мајка Австралијанка во Лондон.

Кога малата Лиз била само три месеци нејзините родители се разделиле а таа се преселила во Австралија со својата мајка. Прво живееле во Мов Јужен Велс во Еден а кога наполнила 10 години се преселиле со мајка и во Мелбурн.

Елизабет Камбаж е висока 203 cm за што за својата телесна висина била задевана од своите врсници во училиштето. Започнала да тренира кошарка по совет на сопствената мајка на 10 годишна возраст. Станала вегетарјанка во 2018 година.

На теренот игра центарска позиција и со својата висина и подвижност е доминантна под кошевите што ја прави особено корисна кошаркарка. Во меѓународната кошарка уште само две активни кошаркарки се повисоки од неа (Марго Дидек- 218 cm и Сју Гех- 205 цм). Своите први професионални натпревари ги имала во Австралиската национална лига до 20 години а потоа и во Женската национална кошаркарска лига на Австралија, преку екипата на Тулса Шок во Оклахома во западната кошаркарска девизија, кинеската клупска кошарка, пак австралиската професионална лига и Асовите во Лас Вегас.

Таа е дел од Австралиската кошаркарска репрезентација со која покажува исклучителни резултати.

Елизабет Камбеж е активна на повеќе социјални мрежи каде објавива свои мултимедијални материјали од себе и нејзините активности.

Таа е модел и заштитно лице на повеќе кампањи поради својата специфична убавина.

bregalnickimarketing

Во продолжение во сл. кратко видео може да ја погледнете спортската магија со која Лиз може да се пофали над останатите колешки кошаркарки.

Креирано од:


Пренеси го гласот