БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Monica Bellucci, Self Assignment, February 26, 2003

Пренеси го гласот

Моника Белучи е италијанска актерка и модел која е родена на 30-ти септември во 1964 година во Цита Ди Кастело, во регионот Умбрија во Италија.

Светска слава постигна со филмот на Џузепе Торнаторе-номираниот за оскар “Малена”, преку “Неповратно” и “Страста на Христос”.

Нејзини идоли во нејзината најрана возраст биле филмски икони како Софија Лорен, Ана Мањани, Џина Лолабрижит и Клаудија Кардинале.

Нејзиниот подем започнал во Милано, каде што студирала правни науки во Универзитетот во Перуџа, кога нејзин пријател и’ сугерирал да се проба во модниот бизнис. Забележана била од директор на новински магазин, била повлечена од нејзините студии и од тој момент работи како актерка.

Таа исто така го пленила вниманието на прочуениот режисер и продуцент Френсис Форд Копола, кој што и ја додели нејзината прва филмска улога во американски филм во 1992 година воадаптацијата на Дракула од Брам Стокер. Моника Белучи се појавила во својот прв француски филм во трилерот “Апартман” од 1996 година, за која улога го освои францускиот еквивалент на Оскар-наградата, наречена Цезар. Филмот е значаен по тоа што во него глумела со нејзиниот иден сопруг Винсент Касел.

Двојката глумеше потоа во неколку филмови заедно почнувајќи од профикативниот трилер “Неповратно” кој што бил номиниран во официјалната селекција на Канскиот фестивал во 2002 година по што го направи своето прво деби на фестивалот Санденс во 2003 година.

Оваа година за неа беше значајна затоа што направи агресивен продор на американскиот пазар преку американска дистрибуција на филмот “Неповратно” како и нејзиниот настап во филмот “Солзи од сонцето” во кој настапи заедно со Брус Вилис како и во вториот и третиод дел на Матрикс трилогијата. Потоа во 2004 година настапи на контраверзниот филм на Мел Гипсон “Страста на Христос” во кој го игрше ликот на Марија Магдалена. Во нејзиното препознатливо портфолие се наоѓа и филмот “Пакт со волците”, потоа филмовите “Под сомнение”, “Астерикс: Мисија Клеопатра”, “Ме мрази”, “Запамети ме”, “Моја љубов”, “Браќата Грим”…

Monica Bellucci

По кратка пауза од филмското платно во кое време ја роди својата ќерка Дева, настапи во филм со Жерар Депардие.

bregalnickimarketing

Моника Белучи во рамки на својата работа била заштитно лице на многу кампањи, пред се како резултат на нејзината безвременска убавина со која ги плени срцата на мажите од повеќе генерации.

Многумина ја сметаат за најубава жена во светот и не се многу далеку од вистината имајќи ги во предвид фотографиите на кои може да се ужива во нејзината убавина која извира од сензибилитет на зрелост и одмерена провокативност.

Во продолжение пренесуваме дел од нејзиното забележително портфолио на фотографски остварувања како и случајни фотографии од нејзини појавувања во јавност:

Креирано од:


Пренеси го гласот