Тој е долгогодишен (над 20 години) посветен интелектуалец кој што неуморно работи на полето на културата во Република Македонија. Доаѓа од општина Бутел а во текот на неговата кариера бил на многу одговорни позиции.
Од Министерството за култура денес на најодговорната позиција во Националниот конзерварторски центар низ негови раце се поминати голем број на проекти од национално значање за културата но и државата во целост.
М-р Александар Јорданоски тековно е директор на Националната установа “Национален Конзерваторски центар” Скопје, која што институција после 20-тина години управување од страна на кадри на политичката партија ДУИ, сега е под палката на м-р Јорданоски кој доаѓа првенствено како кадар произлезен од професијата.
За околу една година откако е назначен за директор на оваа значајна Македонска институција м-р Јорданоски може да се пофали со завиден број на проекти кои што ги реализира од кои најзначаен е проектот за реконструкција на Спомен домот на Разловечкото востание во селото Разловци.
Со нашиот соговорник разговаравме како за овој проект така и за останати актуелни проекти кои “Национален конзерваторски центар” Скопје ги реализира но и за неколку останати прашања поврзани со неговата работа и професионална ориентација.

Значајни проекти на НКЦ – Скопје
Обнова на Лешочкиот конак, конзервација на икони и реконструкција во Разловци
Јорданоски нагласува дека во Националниот конзерваторски центар не постојат „незначајни“ проекти, туку проекти со различен обем и финансиска тежина.
Меѓу најзначајните тековни активности ги издвојува:
- обновата на стариот конак во Лешочкиот манастир, која е во завршна фаза,
- конзервацијата на македонските икони пронајдени во Албанија,
- интервенциите на Лесновскиот манастир,
- како и реконструкцијата на Спомен-домот на Разловечкото востание во Разловци.
Тој потенцира дека во лабораториите на НКЦ континуирано се реализираат процеси на конзервација и реставрација на икони, според годишни приоритети утврдени од стручните тимови.
Особено важен проект, според него, било теренското следење на состојбата на заштитените објекти во североисточниот дел на Македонија – активност што повторно била спроведена по речиси 50 години.
1. Брегалнички Портaл: Откако бевте поставени за Директор на Националниот конзерваторски центар Скопје реализирате повеќе значајни проекти во доменот на Вашите ингеренции. Кажете ми нешто повеќе за позначајните тековни проекти кои ги реализира НКЦ Скопје под Ваше раководство.
М-р Александар Јорданоски: Националниот конзерваторски центар редовно реализира значајни проекти, овде нема незначајни проекти има проекти кои се помали или поголеми по обем во однос на работни активности или во однос на финансии. Финансиите не играат улога дали е нешто значајно или незначајно, тоа е пресметка на проектот всушност.
Некои вака повидливи проекти што би биле за јавноста поинтересни е обновата на стариот конак во Лешочкиот манастир кој е во завршна фаза, понатаму овде се конзервираат иконите украдени во Албанија, значи Македонските икони што беа најдени во Албанија до ноември 2026 година треба да заврши конзервацијата бидејки следи една мала презентација кај колегите во Музејот на Македонија. Имавме мала интервенција во Лесновскиот манастир на покривот со олово… понатаму Разловци ни е во фокусот на интерес од минатата година.
Значајни проекти ни се редовното конзервирање на иконите во лабараторијата што се наоѓа во оваа установа. Значи тука имаме редовна продукција на конзервирани и реставрирани икони. Тоа е таа редова работа што историчарите на уметност заедно со сликарите конзерватори си проценуваат на редовно годишно ниво кои икони се приоритет за конзервација. Нешто што е позначајно минатата година што го реализиравме а што не значи директна интервенција на културно наследство е следењето на состојбата на заштитените објекти односно главно беа цркви во Кривопаланечко, во Кумановско односно сите општини што се наоѓаат во североисточниот дел од Македонија. Таа евиденција на состојба односно проценка на оштетеноста на веќе заштитените објекти е направена после педесетина години. Главниот увид е направен меѓу 1975-1985 година и тогаш имало една широка акција- систематска за евидентирање на потенцијално културно наследство.
После 50 години повторно еве се излегува на терен и состојбата покажа дека е загрижувачка ама во повеќе сегменти: значи оштетеноста не само на самите објекти конструктивни и живописи и икони туку и демографски многу е падната средината. Ако пред 50 години сте имале и некаков живот сега речиси и да нема.
Што опфаќа заштитата на недвижното културно наследство?
„Фреските се составен дел од самата недвижност“

Јорданоски појаснува дека НКЦ – Скопје е надлежна институција за заштита на недвижното културно наследство, што опфаќа:
- сакрални и профани објекти,
- рурална и градска архитектура,
- како и предметите што се составен дел од заштитените објекти.
Во тој контекст, фреските не се третираат како посебни предмети, туку како дел од самата недвижност.
2. Брегалнички Портал: Само за појаснување на пошироката публика во врска со Вашата дејност. Во оквирот на Вашите активности и дејности станува збор за ангажман за движно и недвижно културно наследство или само за недвижно?
М-р Александар Јорданоски: Станува збор за недвижно културно наследство. Оваа установа е надлежна за заштита на недвижното културно наследство и профана и сакрална градба. Ако сакате и рурална и градска градба- градителско наследство и недвижност по намена.
Недвижноста по намена се предметите што се наоѓаат во објектите што се предмет на заштита.
Брегалнички Портал: Затоа што во јавноста циркулира да кажеме зборувате за фрески. Објаснете за каков тип на фрески станува збор кои се предмет на заштита на Вашата институција?
М-р Александар Јорданоски: Ако имаме црква, не само црква ако имаме еве и џамија која на носачот- ѕидот е носач на фреската или сликарството кај џамијата, таа е предмет на заштита, та е составен дел од недвижноста. Затоа ние употребуваме една терминологија- недвижност по намена. Имаме иконостас и имаме икони така што иконите само тука имаат функција на заштита.
3. Брегалнички Портал: Станува збор за проекти и објекти кои се длабоко вкоренети во постоењето на Македонската држава и нација. Дали државата посветува доволно сретства и внимание во оваа насока за одржување и афирмација на Македонскиот национален идентитет?
М-р Александар Јорданоски: Посветувањето на вниманието е поврзано со кадар. Во неоклку интервјуа повторувам дека парите веќе и не се проблем. Дали нешто ќе заштитиме со домашни средства со домашен буџет од Министерството за култура и туризам, каде што ние сме редовно финансирани или ќе најдеме некој фонд или гранд од ЕУ, од Американската амбасада од проектите што се однесуваат на меѓугранична соработка, веќе парите не стануваат толку проблем колку што станува недостатокот на кадар. Затоа што кадар што се занимава со заштита на културно наследство од која било професија од археолог па до сликар, градежен инжинер, историчар на уметност, етнолог, што и да фатите, вам ви треба процес на созревање на тој кадар. Самиот факултет не значи ништо… и дури и самиот просек не значи ништо. Овде се работи тимски. Ќе спомнам како објект црква: кога се интервенира на еден објект, се вклучуваат повеќе професии, никогаш работата не е еднолична или еднонасочна во смисла на една професија. На еден објект имаме и археолог ако имаме потреба од археолошки истражувања, имаме потреба од архитект, имаме потреба од градежен инжинер, статичар да ја гарантира стабилноста на објектот ако е веќе нарушена, имаме потреба од историчар на уметноста да ја процени состојбата на оштетувањето, дали на реските, дали на иконите да даде свое толкување- научно, стручно итн. и завршуваме до директната непосредна заштита. Станува збор за мајстори, ако станува збор за заштита на ѕидовите или пак сликари кои интервенираат на иконите на фреските. Значи комплексна е работата.
Најголемиот проблем не се парите – туку кадарот
„Физички го нема кадарот во институциите“

Според Јорданоски, најголемиот предизвик во заштитата на културното наследство денес не е финансирањето, туку недостатокот од стручен кадар.
Тој објаснува дека конзервацијата е комплексен процес во кој учествуваат:
- археолози,
- архитекти,
- градежни инженери,
- историчари на уметност,
- етнолози,
- сликари-конзерватори,
- како и специјализирани мајстори.
„Самиот факултет не е доволен. Ова е професија во која кадарот созрева низ долг процес на работа и тимска координација.“
Дополнително предупредува дека стручниот кадар во институциите старее, а младите сѐ помалку се заинтересирани за ваков тип професионален развој.
Решението е во нов пристап кон младите
Како можен излез од состојбата, Јорданоски ја посочува соработката со образовните институции и потребата културното наследство да им се доближи на младите генерации на поинаков, современ начин.
4. Брегалнички Портал: Сакате да кажете дека недостига малку поширок контекст на гледање на состојбата на подготовка на тој кадар?
М-р Александар Јорданоски: Физички го нема кадарот веќе во установите! Ако зборуваме и во возраст нашиот кадар воопшто не е млад.
Брегалнички Портал: Излез од ваквата ситуација дали можеби гледате во иднина?
М-р Александар Јорданоски: Излезот е во соработката со образовните институции и да се доближи активностите на овие институции до младите луѓе од сите овие професии. Станува збор за поширок проблем кој што не е од сега. Веќе јас сум 20-тина години во оваа професија, во заштитата на културното наследство… воопшто не е од сега проблемот, не би рекол дека е нешто политички. Станува збор за системски проблем од новиот начин на живеење. Младите луѓе имаат се помалку трпение, сакаат брза заработка, учењњето после факултет го сваќаат како некоја дополнителна обврска, така што можеби треба нов пристап. Приказната за културно наследство да е продаде на нов начин кај новите генерации.
Разловечкото востание – „прв пркос за слобода“
„Чистината на Разловечкото востание е неговата големина“

Во годината кога се одбележуваат 150 години од Разловечкото востание, Јорданоски вели дека научната јавност со голем интерес гледа на обновувањето на Спомен-домот во Разловци.
Тој го оценува востанието како исклучително значаен историски настан за македонскиот народ.
Според него, токму таа историска „чистина“ му дава посебна тежина на Разловечкото востание.
5. Брегалнички Портал: Ја живееме 150 годишнината од кревањето на првото Македонско национално востание во селото Разловци! Во контекст на одбележувањето на на 150 годишнината од Разловечкото востание кажете ми како луѓето и научната фела во Скопје гледаат на Разловци, Разловечкото востание и неговото значење?
М-р Александар Јорданоски: Научната јавност и онаа поширока јавност упатена во историскиот настан поврзан со Разловечкото востание, со воодушевување гледа на обноовувањето на Спомен домот. Тој е симбол на тој историски настан што за Македонскиот народ е исклучително значаен, затоа што е прво востание во рамките на Османлиската империја. Прва желба за слобода, прв пркос, ако зборуваме политички и востание неинфицирано од пропагандите што се веќе проверени информации. Тоа е многу значајно затоа што знаеме во периодот по Разловечкото востание колку тие пропаганди ги инфицирале сите настани, без разлик дали станува збор за вооружени настани или политички процеси, но пропагандите си го направиле своето. Чистината на Разловечкото востание е и големината на Разловечкото востание.
Разловечкото востание недоволно истражувано
Обновата на Спомен-домот го разбудила научниот интерес

Јорданоски смета дека Разловечкото востание не добило доволно внимание во македонската историографија и јавноста.
Во процесот на подготовка на музејската поставка за Спомен-домот, НКЦ комуницирал со професорот Ванчо Ѓорѓиев од Филозофскиот факултет, при што било утврдено дека постои потреба од дополнителни научни истражувања.
6, Брегалнички Портал: Дали сметате дека Разловечкото востание е доволно проучено во Македонската историографија и го има соодветниот третман од научната фела но и институциите на државата?
М-р Александар Јорданоски: Јас кога се зафатив со задачата да се обнови Спомен домот, човек нели навлгува во проблематиката. А јас сум човек што не навлегува саммо на конкретната задача- градежно да го обновиме Споен домот… за мене тоа е техничка работа која е важна но е на техничко ниво. Околу постојаната поставка што треба да биде дел од спомен домот ние комуницираме со професорот Ванчо Ѓеоргиев од Филозофскиот факултет. Така што видовме дека не доволно е посветено внимание и публицитет (не само внимание) години-децении. Излегуваат и некои нови ситуации. Обновувањето на Спомен домот дополнително го разбуди интересот за Разловечкото востание- научниот интерес да се “копа” по материјалите, што е добро, се шири кругот.
Брегалнички Портал: После 150 години можеме да кажеме дека повторно пламти тој дух на Разловечкото востание.
М-р Александар Јорданоски: Една активност поврзана со Разловечкото востание, една иницијална каписла, тоа е како камче што паѓа во водата и прави концентрични кругови. Една позитивна работа се шири на другите. Секој си го наоѓа својот интерес и секој сака да придонесе на свој начин поврзано со Разловечкото востание: Градежникот на еден начин, му е чест што обновува објект за исклучително важен историски настан, историчарот од своја гледна точка, конзерваторот од своја.., секој си го гледа својот интерес и за афирмација и за свој удел во таа приказна
7. Брегалнички Портал: НКЦ Скопје е носител на Проектот за реконструкција на објектот на Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци. Кажете ми како дојде до реализација на овој проект- кратка генеза на сите институционални постапки кои беа спроведени од НКЦ Скопје и останати институции за да дојде до реализација на овој проект?
М-р Александар Јорданоски: Јас доаѓам по работно место од Министерството за култура и туризам, јас и таму бев задолжен да ја водам Работната група околу иницијативата за Спомен домот и веднаш штом ја добив задачата, ја собрав целокупната документација поврзано со проектот… тоа беше 2024 година. Првичната иницијатива за обнова потекнува од 2013 година. тогаш Македонската влада дава иницијатива Спомен домот да се прогласи за културно наследство. Иако е времената дистанца од заштитарски аагол гледано мала, тоа е 50-тина години. Тоа не секогаш е предмет од интерес за заштита на објект заради архитектонските вредности, но значењето е големо од историска гледна точка. Трагајки по документите увидовме дека не само од историска гледна точка… затоа што автор на проектот за објектот е Проф. Георги Константиновски од Архитектонскиот факултет, видовме дека самиот објект има голема симболика, па така се споија архитектонските вредности со историските и приказната доби убав крај: се прогласи за културно наследство. Имали превентивни интервенции пред 10-тина години, недоволно успешни. Минатата година јас преминувам од Министерството за култура и туризам тука во Националниот кпнзерваторски центар и продолжувам да си ја завршам работата, затоа што установата територијално е надлежна за Делчево, по редот на нештата си продолжија активностите. Проектот е изработен пред 10-тина години- козерваторско-реставраторски. Го дополнивме затоа што имаше дополнителни оштетувања по 10-тина години и проектот е веќе во завршна фаза на реализација. И ќе биде спремен за пуштање на 19 мај во 11 часот.
Спомен-домот доби статус на значајно културно наследство
Државата презема обврска за негово одржување
8. Брегалнички Портал: Спомнавте во Вашето излагање дека Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци во текот на ланската година беше прогласен за значајно културно наследство на управата за заштита на културно наследство. Што конкретно значи тој статус на овој значаен објект, од формално-правен и функционален аспект?
М-р Александар Јорданоски: Тоа значи дека државата му дала значење на културно наследство и си презема обврски да го одржува. НКЦ ја има обврската да го доведе во нормална состојба да има употреблива вредност објектот. Понатаму објектот ќе функционира во рамки на Центарот за култура “Никола Јонков Вапцаров”Делчево. Јас сум во комуникација со тамошниот директор. Тие ја проширија дејноста со музејса во рамки на Центарот за култура, така што објектот ќе функционира како подружница на Центарот за култура од Делчево. За тековното одржување ќе си биде задолжена установата од Делчево.
9. Брегалнички Портал: Кажете ми нешто повеќе за техничките аспекти на градежните активности поврзани со реконструкцијата на Спомен домот на Разловечкото востание.Кој се’ учествуваше и колку време трае целиот процес за реконструкцијата на објектот во Разловци? За каков обем на градежни работи станува збор, што беше најголем предизвик во реализацијата на проектот?
М-р Александар Јорданоски: Автор на конзерваторско-реставраторскиот проект е веќе пензионирана колешка Ѓурѓица Лекоска. Бидејки е во поодминати години самиот процес на заштита и интервенциите ги следат двајца колеги од НКЦ, тоа е неодамна пензионираната колешка Цветанка Хаџи- Пецова- конзерватор советник, помладиот колега Игор Кузмановски- конзерватор архитект конзерваторски надзор е колегата Константин Димитровски, на помош ни дојде од скопскиот конзерваторски центар. Немавме потреба од градежен надзор но заради тежината и комплексноста на објектот абгажиравме и градежен надзор, тоа е колегата Ѓорѓи Аспровски. Комплексни беа и јавните набавки, Ана Ордановска ги водеше јавните набавки околу целиот проект
Реконструкцијата завршува за рекордни три месеци
Проект вреден околу 20 милиони денари
10. Брегалнички Портал: Колку чини реализацијата на целиот проект и од каде се обезбедени финансиите?
М-р Александар Јорданоски: Проектот целосно се финансира од домашни средства, значи тоа е годишната програма за 2026 година на Министерството за култура и туризам, со огромна поддршка на Владата на Република Македонија. Покрај тоа што е редовна програма за 2026 година овој проект, тој е во фокусот на интерес на владата. Проектот ќе чини некаде околу 20-тина милиони денари, првично беше проектиран на 18 милиони, зборувам само за градежниот дел, не музејската поставка, но при интервенцијата видовме дополнителни оштетувања што не момжеле да се увидат при увидот за изработка на Анекс проектот за конзервација. Околу 3 месеци во рекорден рок ќе се заврши објектот. Остануваат уште неполни 2 недели да се заврши објектот.
Ако ја презметаме временската рамка , ваков објект е завршен за 3 месеци.
И уште нешто ако смеам да нагласам, јас како Директор ги гледав и другите проекти во минатото како се реализирале, Имам една забелешка што пред се се реализираат во многу фази, така што додека дојдеме до 5-та или 6-та фаза, првата фаза поминале години па остарела првата фаза па треба повторно да почнуваме.
Ова е меѓу ретките проекти што се завршува се во една фаза. Значи имаме финансирање за 2026 година и завршување во 2026 година.
Ова е резултат на работата на добро уигран тим.
Нешто што сакам да го нагласам е и работатта на фирмата изведувач “Изградба- Комерц” се покажа како многу ажурна, професионална и ефикасна. Тика би ги спомнал и браќата Пеце и Мартин Ристевски кои пожртвувано се вложија во овој проект од страна на фирмата.
Најмногу “слатка болка” ни задате трагањето по тој покривен материјал што е круна на симболиката на објектот. На времето бил покриен со азбестни плочи, сега моравме да трагаме по соодветен материјал ко е безбеден-еколошки за работа. тој се вика етернит и го најдовме во Австрија. Донесен и веќе се вградува.
-рече Директорот Јорданоски.
Во продолжение на интервјуто Директорот на НУ “Национален Конзерваторски Центар” Скопје М-р Александар Јорданоски одговараше и на повеќе други прашања поврзани со неговата прифесија и активности за што ќе мора да го погледнете видеото од интервјуто дадено во продолжение:
11. Брегалнички Портал: Вашата дејност како НКЦ- Скопје е на некој начин основа за препознатливост на Македонскиот културен идентитет. Од друга страна Министерството за култура со формирањето на новата влада доби и една дополнителна дејност на туризам. Па како вашата институција може да помогне во подигање на туристичката вредност на нашата држава?
12. Брегалнички Портал: М-р Александар Јорданоски е линвист и експерт за јазични прашања пвенствено на Македонскиот јазик, но и за другите јазици застапено во Македонија.
13. Брегалнички Портал: Со какви предизвици во современ контекст се соочува Македонскиот литратурен јазик, но и неговите дијалектички форми?
14. Брегалнички Портал: Дали државата прави доволно за афирмација и развој на современиот Македонски јазик и неговите дијалектички форми?
15. Брегалнички Портал: Во микрорегионот Пијанец-Малеш се регистирани голем број на археолошки локалитети. Најголем дел од нив се неистражени.
16. Брегалнички Портал: На кој начин ваквото идентитетско богатство на Македонија може да биде истражено, конзервирано и ставено во функција на Локалниот економски развој на општините во крајниот исток?
17. Брегалнички Портал: Дали археологијата и конзервацијата може да бидат самоодржливи дејности?
18.Брегалнички Портал: Според Ваши сознанија и проценки дали имаме доволно стручни лица кои што можат да овозможат археолошки истражувања и конзервација на археолошките локалитети со кои располага Македонија?
19. Брегалнички Портал: Дали има интерес од соработка со странски експерти на полето на археологијата и конзервацијата на недвижното културно наследство?


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ова се имињата на 10 најдобри матуранти од делчевската гимназија кои добиваат богат награди од општината и Градоначалникот
Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’
Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува