БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Манасиевски денеска на прес конференција од партиското седиште ја потсети јавноста заа учинокот кој го оствари Зоран Заев во поглед за газење по честа и достоинството на Македонија, Македонскоти име и иентитет, како и континуитетот кој што актуелниот ллидер на СДСМ продолжува да го реализира до ден денешен.

“Заев започна со бришење на терминот „македонски’’ од сите државни институции, а сега неговиот потрчко и чувар на фотелјата во СДС, Венко Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’.

Само СДС и Филипче немаат проблем кога некој не нарекува „северномакедонци’’, затоа за нив тоа е успех и се горди на тоа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Само Филипче и СДС, и нивниот врховен лидер Заев, немаат проблем да водат антинационална и антидржавна политика, која е во интерес на бугарските власти. За нив, нема ништо лошо во тоа Бугарија да го негира нашето постоење пред 1944 година, нашите револуционери и дејци да бидат Бугари и нашиот македонски јазик да биде произлезен или пак дијалект на бугарскиот јазик.

Само Филипче и СДС повикуваат на уставни измени, кои се првиот чекор од сетот барања кои самата Бугарија, односно нејзините власти, јасно кажаа дека ќе ги имаат.

Филипче и СДС се на иста линија со Бугарија. Ставовите им се исти, барањата им се исти. Уценетиот Филипче молчи и не одговара за што е уценет од група на бугарски политичари? Дали во уцената е вмешан и Зоран Заев?

Филипче треба да се вразуми и да ги штити македонските интереси, а не бугарските интереси. Македонија мора да добие јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање за влез на Македонија во ЕУ. Македонија мора да влезе во ЕУ како достоинствена, горда и исправена држава, а не наведната, усрамена и понижена како што беше со влезот во НАТО алијансата.”

-рече на денешната прес конференција од партиското седиште портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ МАнаасиевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace