БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Како Пејџ Спиранац од скршена гимнастичарка стана една од најпознатите голферки во светот?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Голфот како спорт во Македонија и пошироко во овој дел од Европа не е многу афирмиран во споредба со северно-американскиот континент. Во спортот кој што главниот збор го имаат мажите, многу тешко е за една млада девојка да се искачи во висините на неговите најзначајни спортисти. Токму таков животен пат имала Пејџ Спиранац која што е една од најпознатите голф играчи во светот.

Родена во 1993 година во семејство на хрватски емигранти во САД од мала Пејџ сонувала да стане врвна спортистка. Нејзиниот татко бил играч на фудбалски тим од професионална рагби екипа во САД а нејзината мајка била професионална балерина. Со двата животни таленти на нејзините родители Пејџ била предодредена за големи успеси во нејзината кариера. Го одбрала патот на нејзината мајка и станала гимнастичарка и тоа особено успешна затоа што развила свој сопствен стил на гимнастички вежби по кои што станала препознатлива кај тренерите а подоцна и побликата.

Од мала развила ретка болест поради која ј губела косата а боледувала и од астма. Била цел на потсмев на своите врснички а во гимнастиката како спорт во кој што е потребна голема самодоверба на гимнастичарот, таа не дозволувала нејзината самодоверба да биде разнишана. Но како резултат на повреда на коленото морала да се откаже од развојот на сопствената гимнастичарска кариера.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Наместо тоа се свртела кон голфот како спорт во кој што сакала да биде осамена и настрана од сите гласни критизери. По успешната аматерска кариера за деца во натпреварување во голф каде што од 7 натпреварувања во Колорадо освоила 5 победнички трофеи таа добила стипендија од Универзитетот во Аризона.

2016 година била година на своевиден нејзин подем во професионалниот голф од каде што развила своја голема база на следбеници. Во јавниот живот е присутна во најзначајните женски магазини гои што се продаваат во огромни тиражи а е присутна и на социјалните мрежи со свои изданија.

Од март 2022 година Пејџ Спиранац е повторно сингл, напуштајки ја врската со Стивен Тиноко со кого беше од 2018 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace