БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Црква “Св.Архангел Михаил” од село Драмче била најшарена црква во своето време

Крајниот исток на државата е еден од најбогатите предели во МАкедонија исполнет со мноштво на цркви, манастири и свети места. Ваквата состојба е присутна од памтивек помеѓу Пијанечкиот човек кој што може да се гордее на својата долга и богата традиција. Во центарот на таа традиција низ вековните премрежја на овој знааен етно-географски простор значајна улога играло православието и ангажираниот верски и духовен живот на населението. Еден од културно-историските споменици на народот на падините на планините Голак и Влаина е токму црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче. Ова е приказната за овој духовен и верски храм кој и ден денес игра важна улога во секојдневието на нашиот народ.
Пренеси го гласот

СИТЕ АВТОРСКИ ПРАВА СЕ ЗАШТИТЕНИ ©
Не е дозволено превземање на содржина (текст или мултимедијални содржини) без посебен договор со Брегалнички.мк

Вовед: За црквата

Центар на црковниот и просветниот живот во Драмче и неговата околина била црквата  „Св. Архангел Михаил” што се наоѓа кај Старòто Село, позната како Шарена црква. Оваа црква градена според народното предание врз темелите на големата црква „Св. Богородица“ од VI-VII век.

Била разрушена до темел, во исто време, кога биле опустошени и црквите во Црквенец , Селник и др. населби.

Не е познато кога точно е градена оваа црква. Се претпоставува дека е средновековна, од XI век. Целата внатрешност била со прекрасен фрескоживопис. Црквата е еднокорабна и е градена со камен и оросан и покриена со камен.

И покрај преземените мерки за заштита, таа во неколку наврати била опожарувана од страна на Османлиите.

Во својот труд (во ракопис) „Црквите и манастирите во Ѕвегорската и Делчевската парохија “, парохот Александар Васев наведува дека се мисли оти црквата е градена во крајот на 17 и почетокот на 18 век. Градена е во поствизантискиот период. Претстолните икони ги насликал Григорие Пецанев од Струмица.

На Св. Двери е запишана годината 1841, како и на иконостасот и самата црква, а се мисли дека се градени многу порано.

Црквата „Св. Архангел Михаил”  се наоѓа на местото Еремија и е една од највредните споменици на културата во Пијанец заштитена со Законот за заштита на културното наследство.

Тука, секоја година, со векови, се собираат драмчани и мештаните од околните села од целиот регион како и градот Делчево. Палат свеќи за здравје и колат курбан. Во непосредна близина на црквата се наоѓаат остатоците од првото училиште во Драмче кое било отворено 1869 година. Покрај учениците од Драмче, училиштето го посетувале и деца од соседните населби.

Први наставници биле свештениците. Драмче има богат црковен, но и просветен живот. Настава во ова училиште се изведувала сè до 1922 година, кога по изградбата на новата училишна зграда, тоа  престанува со работа. Во близина на училиштето  се изгради нова современа училишна зграда во која настава има сè до 2008 год.

Поради малиот број на ученици (само 3), училиштето, по полни 140 години, престана со работа. Со тоа згаснаа вековните просветни традиции во Драмче.

Црквата Св. Архангел Михаил е неколку пати горена , па иако целата била во фрески тие се наполно уништени, само постојат знаци под горниот слој кои укажуваат дека некогаш на ѕидовите постоеле фрески.

Оштетувањата на внатрешните ѕидови на црквата се видливи и денеска и доколку не се превземат активности за нејзино реставрирање и конзервација постои опасност истата да се оштети уште повеќе:

ВИДЛИВИ ОШТЕТУВАЊА НА ЛЕВИОТ ЅИД НА ВНАТРЕШНОСТА ОД ЦРКВАТА

Застапени фрески и иконостас

Под тремот на црквата над самата влезна врата стои иконата на Св. Архангел Михаил пред која стои задолжително кандило и цвеќиња.

ИКОНА НА СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ НАД ВЛЕЗНАТА ВРАТА НА ЦРКВАТА

Во внатрешноста фрескоживописот на црквата е составен од еден горен ред на врески на кои се насликани ликовите на повеќе православни светци. 

Веднаш под нив се наоѓаат т.н. Претстолни икони на Господ Бог Исус Христос и мајката Божја-Пресвета Богородица.

ПРЕТСТОЛНА ФРЕСКА на мајката Божја- Пресвета Богородица.
ПРЕТСТОЛНА ФРЕСКА на Господ Бог-Исус Христос

На левиот и десниот ѕид на црквата се поставени икони дарувани од страна на верниците на ѕрквата кои потекнуваат од ова село и кои имаат свои семејни слави посветени на одреден православен светец.

Настан: Собор на Драмче кај црквата

Како сенки од најдамнешни времиња, кои покроце итаат да се сретнат со минатото…

bregalnickimarketing

Чекор по чекор стари и млади, мажи и жени го газат земјениот пат кон трошната црква која молчешкум стои на забод на времето. Покрај селските гробишта во прегратките на пространите драмечки ридови.

Овој пат е патот на незаборавот. По него оделе, одат и ќе продолжат да одат челадта на гордиот пијанечки незнаен горостас кој прв се воплотил во телото Господово токму на ова место.

Секој гроб со своја приказна. А легендата за Драмче најубаво се учи на гумното пред погребната капелна црква посветена на заштитникот на ова парче небо Св. Архангел Михаил. 

Оваа легенда се состои од живи зборови и кажувања, од срце кое непрекинато чука во ритамот на вечната “Копачка” родена токму од овие прегратки и подадени раце на заедништво на овој горд и достоинствен народ.

Ова е легенда која не се раскажува како ниедна друга…

Таа се живее во самиот момент… 

Ова е наш вовед за големиот Народен верски собор “Св.Архангел Михаил” кај истоимената црква во село Драмче кој што се случува од памтивек кај оваа црква.

Помошни објекти во дворот на црквата

ПАНОРАМСКИ ПОГЛЕД НА ЦРКВАТА СО ПОМОШНИТЕ ОБЈЕКТИ 
(фотографирано 21.11.2010 година)

Како што е истакнато погоре од овој текст во дворот на црквата до 1922 година се наоѓало првото училиште во село Драмче. Во оваа година училиштето било пренесено во нов објект (т..н. Старото училиште). Во дворот на црквата најпрвин е изграден помал помошен објект кој служел како отворена кујна за подготвување на курбан-ручекот на самиот собор. Потоа во 2008 година започна изградбата на поголемиот помошен објект (т.н. трпезарија) каде се служи курбан-ручекот.

Сите градежни работи околу помошните објекти во дворот на црквата се правени од страна на самите верници и црковниот одбор по пат на донации и спонзорства. 

Галерија: Наши фотографии од црквата

Користени материјали за оваа статија од веб порталот: Дестинација Делчево


#WhatsToSee #ExperienceDelcevo
@ Destination Delcevo @ bregalnicki
www.destinationdelcevo.mk www.delcevo.org.mk

Нов серијал на наши текстови насловен како “Прошетај по Брегалница”, за претставување на Брегалничкиот регион и неговите знаменитости.

СИТЕ АВТОРСКИ ПРАВА СЕ ЗАШТИТЕНИ ©
Не е дозволено превземање на содржина (текст или мултимедијални содржини) без посебен договор со Брегалнички.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот