БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Пренеси го гласот

Таа е меѓу првите актери кои што се по потекло од неанглиско говорно подрачје што го добиле престижниот Оскар.

Нејзиното име се наоѓа на врвните 50 актери кои што ја започнале својата кариера пред 1950 година.

Таа е последната жива актерка добитничка на Оскар од златното доба на Холивуд кое што се смета дека почнало во 1929 а официјално завршило во 1959 година. Покрај неа актерот Сидни Поатје од мажите е исто така единствениот жив актер- оскаровец од златното доба на Холивуд.

Софија Лорен епозната по тоа што во текот на својот бурен живот успеала да остане заедно со нејзиниот сопруг Карло Понтиј цели 50 години.

Софија Лазаро (нејзиното претходно презиме) во 1950 година на нејзина 16 годишна возраст за првпат го запознала продуцентот Карло Понтиј додека тој бил 37 години. Во 1956 година тие двајцата се вериле во Мексико иако Карло не бил законски разведен од неговата прва сопруга. Во 1962 година нивниот брак бил поништен за да избегнат обвинение за бигамија, но продолжиле да живеат заедно. Во 1965 година двајцата станале француски државјани откако нивната апликација за државјанство била одобрена од тогашниот француски претседател Жорж Помпиду. Карло Понтиј тогаш го добил разводот од неговата прва сопруга по што се оженил со Софија Лорен на 9-ти април 1966 година.

Филмската кариера на Софија Лорен е повеќе од блескава која започнала со филмот Quo Vadis (1951) на нејзина 17 годишна возраст. Во тие рани години од 5-та декада на минатиот век таа се појавила во повеќе помали улоги.

Поради нејзино повпечатливо профилирање во јавноста Карло Понтиј сугерирал да го промени своето презиме во Лорен. Нејзината прва водечка улога била во “Аида” од 1953 година за која што добила позитивни критики. Нејзиниот пробив кон врвот го доживеала со филмот “Златото на Наполи” во 1954 година кој го снимила после вилмот “Две ноќи со Клеопатра” од 1953 година.

Во 1955 година ја изиграла својата прва улога наспроти Марчело Мастројани кој што ќе биде подолго време нејзин партнер на филмското платно.

Меѓународната слава ја стекнала со филмот “Две жени” за кој како водечка актерка ја добила највисоката награда на Канскиот филмски фестивал и Оскарот за најдобра актерка. Тоа било првиот Оскар за актер од неамериканско говорно подрачје и прва италијанка што го добила оскарот. Самата таа не присуствувала на церемонијата за доделување на оскарот а наредниот ден холивудскиот актер Кери Грант и се јавил на телефон да и соопшти дека ја добила највисоката награда.

Во 60-тите години на минатиот век таа била една од најпопуларните актерки во светот. Во 1960 година примила 1 милион долари за да се појави во филмот “Падот на Римската империја”

Откако станала мајка работела многу помалку на својата филмска кариера.

Во 1991 година Софија Лорен од Американската филмса академија го добила признанието “Едно од светските кинематографски богатства” а во 1995 година ја добила наградата “Сесил Б. Демил”.

Таа била личноста која му го предала Оскарот за животно дело на Федерико Фелини во 1993 година непосредно пред неговата смрт таа година.

Во 1994 година таа ја добила својата ѕвезда на Патеката на ѕвездите во Палм Спрингс.

Во 2007 година починал човекот со кој и покрај големиот број на проблеми останале заедно цели 50 години во жарот на светската слава и сите предизвици што ги носи тој живот.

Позната е изреката на Софија Лорен дека:

“Не може да сакате два пати во животот”

Креирано од:


Пренеси го гласот