БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сали: 30 години партнерство со ЕУ – сега е време за резултати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска се обрати на настанот по повод одбележувањето на 30 години односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, во присуство на амбасадорот на ЕУ Mihalis Rokas.

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата, нагласувајќи дека по завршувањето на скрининг процесот, фокусот е ставен на забрзана испорака на реформи.

„Триесет години партнерство и 25 години од Спогодбата за стабилизација и асоцијација покажуваат дека нашиот европски пат е јасен и неповратен. Денес, интеграцијата не е само цел – таа е процес на конкретна испорака на резултати,“ истакна Сали.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој додаде дека преку Реформската агенда и Планот за раст, државата веќе обезбедува мерливи резултати во клучните области како владеење на правото, јавната администрација и економското управување.

Министерот подвлече дека кредибилен процес на проширување бара паралелна посветеност – силна реформска испорака од земјите кандидати и предвидливост од страна на Европската Унија.

„Нашата амбиција е јасна – полноправно членство во Европската Унија,“ порача Сали.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace