Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот (Галерија)

Пренеси го гласот

Кога го погледнете овој лик сигурно веднаш помислувате на филмската моќна триологија „Кум“ или „Скарфејс“ но и голем број мега популарни филмови каде главен виновник за нивната совршена професионалност е токму Ал Пачино. Во големи наврати актерот освен преголем талент за глума, се докажал и со својата мудрост и интелегенција во своите изјави. Ќе издвоиме дел од неговите поуки и факти:

„Не брзајте да зборувате за себе кога сте во друштво. Разговорите за вас ќе следат дури откако ќе излезете од просторијата.“

„Колку што е човек постар и помудар толку помалку има желба да се расправа за неважни работи. Тој едноставно има желба да стане, да ви посака сѐ најдобро и да си замине.“

„Се глуми во животот, а во уметноста се бара вистината.“

„Претпоставувам дека мојот проблем е во начинот на кој се изразувам. Мора да бидете 50 години со мене пред да можете да сфатите за што зборувам.“

„Јас сум глумец, а не ѕвезда. Ѕвездите живеат во Холивуд и имаат базени во форма на срце.“

„Сите сакаат внимание, само славните понекогаш немаат мерка во тоа.“

„Лесно е да се прелаже окото, но тешко е да се прелаже срцето.“

Креирано од:


Пренеси го гласот