-НА КИНИСУВАЊЕ-
Позапри, мајко, затрај се,
доста ме, леле, испраќа,
доста си солзи излеа
по тија пусти патишта.
А туку, мајко, погледај,
погледај, леле, послушај,
како ми пилци запреа
песни сред пролет радосна,
како ми вода затраа,
темни ми карпи писнаа,
а гора лисја пророни
од твојте тажни гласови.
Јас, мајко, тргнав, заминав,
куса си пушка нарамив,
планина Пирин развила,
бајрак се вее сред неа:
Јас ќе го, мајко, дофанам,
над село ќе го развеам,
та ќе те, мајко, куртулам
од тоа ропство крваво.
Коле Неделковски
16 декември 1912- 2 септември 1941
Песната “На кинисување” е објавена во стихозбирката “Македонска лирика” во 1950 година од страна на Уредот за информации при Владата на Народна Република Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]
Чествување што доликува на името Македонија: Вечер од Охрид и со серија спектакли потоа, народот во еден глас ќе каже: НИЕ ПОСТОИМЕ- МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ
Бугарскиот министер Трпешев на II заседание на АСНОМ: Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас…”