БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд [Галерија]

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Додека филмскиот свет се уште се созама од третиот дел од трилогијата на Марвеловиот Спајдермен, пристигнува нова вест од секогаш жешкиот Холивуд.

Мега популарната и атрактивна актерка Дакота Џонсон е во преговори да го глуми ликот на Мадам Веб, женски лик кој што е пандан на мега популарниот Спајдермен.

Епската борба меѓу лошото и доброто пренесена преку ликот на Питер Паркер на овој начин со оваа најнова филмска адаптација на стриповскиот лик добива свој женски пандан во светот на Спајдермен. Од страна на продукциската куќа на Сони Пикчрс веќе е најавено дека филмот ќе го режира младата режисерка S.J Clarkson која е позната во светот на ТВ сериите а ова ќе и биде прво долгометражно остварување.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дакота Џонсон е атрактивна млада актерка која што од изминатиот нејзин филмски опус најдобро е позната по улогата на Анастасија Стил во филмската трилогија Педесет Нијанси која што е екранизација на мега популарните романи на светски познатата писателка Ерика Мичел.

Дакота Џонсон е ќерка на мега популарните актери од 80-те и 90-те години од минатиот век Дон Џонсон и Мелани Грифит.

Таа е една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд пред кои претстои блескава кариера.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace