БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Возобновување и унапредување на сите јавни народни собори за кои постои традиција за нивно одржување во општина Делчево!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во текот на вчерашниот ден ги посети жителите на село Габрово и село Град и беше дел од световните настани за чествување на големиот христијански празник Митровден кои беа организирани од Црковниоте одбори при селските цркви “Св. Димитриј” и “Св Ѓорѓи.”

Градоначалникот Гоцевски во контекст на ова празнување преку социјалните мрежи ја најави реализацијата на еден од проектите од неговата предизборна програма во делот на програмата за култура за која граѓаните на Делчево дадоа огромна поддршка пред неколку недели.

“Денеска со голем број наши сограѓани сме дел од овој световен ручек по повод денешниот православен христијански празник Митровден.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сакам на сите наши сограѓани кои го носат името на Св. Димитрија да им го честитам именденот и на сите семејства кои што денешниот празник го имаат за куќна слава. Нека е за многу години, со здравје и среќа да одбележуваме сите заедно и во годините што доаѓаат.

Денеска од ова свето место сакам да ја најавам реализацијата на еден од најубавите проекти од мојата предизборна програма.

Станува збор за Проект за Возобновување и унапредување на сите јавни народни собори за кои постои традиција за нивно одржување во општина Делчево

Во соработка со месните и урбаните заедници, во рамките на програмата за култура на Општина Делчево која е во подготовка за 2026 година ќе овозможиме соработка и поддршка за реализацијата на традиционалните јавни народни собори.

Селото Град за свој селски собор го има празникот Духовден или попознат како Педесетница веќе разговаравме со претставниците на Месната заедница на кој начин Општина Длечево може да го поддржи и унапреди овој настан кој од памтивек игра важна улога во животот на жителите на село Град.

Селските собори на граѓаните од сите населени места во општина Делчево се убава можност за заедништво и споделување на заеднички вредности со цел за изградба на поуспешна и просперитетна локална заедница во периодот кој претстои, а наша политичка определба е таа традиција да продолжи да живее и во иднина.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace