Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на заедничката прес конференција со Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски информираше за позитивните финансиски параметри кои се резултат на континуираните мерки и активности на владата во насока за фискална консолидација на централниот буџет на владата. Таа помеѓу другото информираше за идговорните политики на актуелната влада која што успеа да ја врати во целост еврообрврзницата од 700 милиони евра која што ја потрошија владата на СДСМ во 2020 година.
Актуелната Влада успешно ги враќа старите и наследени долгови од минатата власт. Министерството за финансии соопшти дека во целост ја реализирало исплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година, во вкупен износ од 700 милиони евра. Со исплатата на 327,9 милиони евра целосно е заокружен процесот на отплата на оваа обврзница. Претходно, во февруари годинава, Министерството изврши и предвремена отплата на првиот дел во износ од 383,7 милиони евра.
„Ова претставува уште една потврда за одговорното управување со јавните финансии и посветеноста на Владата и Министерството за финансии кон навремено и редовно сервисирање на сите финансиски обврски на државата“, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Парите за исплатата државата, односно Министерството за финансии, ги обезбеди со еврообврзница што беше издадена во јануари годинава.
„Во втората половина од 2024 година, откако ја презедовме власта, исплативме обврски во износ од 786 милиони евра. Во текот на 2025 година исплатени се 2,198 милијарди евра и во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра, што во вкупен износ за целиот овој период изнесува 4,556 милијарди евра“, истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за Ноќно искачување на “Ѕвезден Врв“ – Беласица
Скопје на 9 и 10 јуни пулсира во ритамот на Урбан Фест – два дена македонска музика и енергија во Градски парк
Досега најопфатен Оперативен план за претприемништво и вработување на АВРМ: Над 40 мил денари за раст на економското портфолио на стопанството и граѓаните