Денеска Кочани беше домаќин на гастрономскиот настан „Шпански денови на вкусот – спој на традициите“, што се реализираше под покровителство на Амбасадата на Шпанија и Општина Кочани.
На Летната сцена при Центарот за култура „Бели мугри“, беа подготвувани традиционални шпански рецепти со кочански ориз. На познатото готвачко име Луис Аруфат му помагаа Јорди Травињо од Ефехота кулинари скул од Италија, како и ученици од неколку македонски училишта за готвење, меѓу кои и првото приватно „ФЈ кулинарско училиште“ од Скопје.
Шпанскиот кулинарски експерт Луис Аруфат успеа да ја спои локалната традиција поврзана со автентичниот кочански ориз со богатството на шпанската гастрономија, па посетителите имаа настан исполнет со вкусови, знаење и културна размена.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево