Од Велигден до Велигден,
секој ден Велигден да ти биде,
убост во душата да ти воскреснува,
пламенот на кандилцето
што во тебе гори,
никогаш да не ти гасне
и светлина секаде да си носиш,
радост да бидеш – сѐ радост да ти биде,
оти Велигден е радост,
оти Велигден е светлина.
И ти некому Велигден да му бидеш
и ти свој Велигден да имаш,
па љубовта да ви воскреснува
и секој ден одново да ви се раѓа
и секој ден нова надеж да ви биде,
оти Велигден е нов ден,
оти Велигден е ново раѓање,
оти Велигден е нова надеж.
И со срца љубов полни,
еден на друг да си верувате
дека само заедно цело може да сте
и само заедно планина ќе поместите,
оти Велигден е љубов,
оти Велигден е верба и доверба,
оти Велигден е победа.
И кога наутро ќе станеш
да знаеш дека прва мисла некому си
и дека прва мисла ти е некој
и еден за друг си се молите
и еден со друг во молитва се чувате,
па гнездо од љубов сте свиле,
огниште – дом да ви биде,
Велигден мириса на дома,
Велигден мириса на семејство
и со нежност топла разгалува.
Од Велигден до Велигден,
секој ден Велигден да ти биде
и ти некому Велигден да му бидеш
и ти свој Велигден да имаш!
Десанка Николова


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Роден на денешен ден: Петре Прличко- најголем меѓу големите, ѕвезда на едно време
По ѕверското мачење на бугарските фашистички окупатори на денешен ден пред 83 години згаснале животите на Страшо Пинџур и Мирче Ацев
Свети Николе наголемо се подготвува за чествувањето на патронот на градот “Св. Николај”