БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден е роден еден од највпечатливите Македонски актери, Лав и Патриот

Пренеси го гласот

На денешен ден на на 6 февруари во 1946 година во Прилеп е роден Благоја Спиркоски Џумерко .Тој беше еден од највпечатливите и најоригинални Македонски актери, припадник на Македонските Лавови во војната во 2001 година како и докажан Македонски родољуб и патриот.

Во 1966 година станал член на прилепскиот народен театар каде работел се до неговото пензионирање.

Во 2011 година е добитник на престижната театарска награда Војдан Чернодрински за животно дело.

Благоја Спиркоски – Џумерко е најпознат по улогата на Итар Пејо во телевизиската драма „Солунски патрдии“.

Одиграл значајни улоги во голем број македонските играни филмови меѓу кои се: „Македонски дел од пеколот“ од 1971 година „Тетовирање“ од 1991 година, “Бог да ги убие шпионите” од 1992 година, „Викенд на мртовци“ од 1988 година, „Како убив светец“ од 2004 година, како и во тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Во 2001 година за време на војната во Македонија Благоја Спиркоски стана припадник на Македонската воена единица Македонски Лавови се до нејзиното распуштање до 2002 година.

Благоја Спиркоски Џумерко во пошироката Македонска јавност е познат како голем родољуб и патриот.

Вечна му слава.

bregalnickimarketing

Целата филмографија на долгометражни филмови на Благоја Спиркоски Џумерко:

1972: Истрел (Споредна улога)
1977: Пресуда (Споредна улога)
1980: Оловна бригада (Главна улога)
1984: Нели ти реков (Главна улога)
1985: Јазол (Споредна улога)
1987: Хај-фај (Споредна улога)
1994: Пред дождот (Споредна улога)
1999: Време, живот (Споредна улога)
2003: Едно од лицата на смртта (Актер)
2004: Како убив светец (Споредна улога)

Благоја Спиркоски Џимерко почина на 11 јуни во 2015 година на 69 годишна возраст.

Креирано од:


Пренеси го гласот