Ултра талентираниот Енди Ворхол роден на 6-ти август, 1928-ма година , се смета за еден од најуспешните и најплатените комерцијални илустратори во Њујорк.
Ворхол добил хореја, невролошко нарушување карактеризирано со неконтролирани движења, каде неколку месеци бил заробен во кревет, па цртањето му станало омилена активност за бегство.
Вo доцните 50-ти, Енди го посветил неговото време на цртање и го смислил концептот поп-арт – нова форма на уметничко изразување со фокус на масовно произведените комерцијални добра.
Најпознати се шишињата Кока-кола на Ворхол или портретите на познатите личности како Мерлин Монро, Елвис Присли, Елизабет Тејлор и Мик Џегер.
Во продолжение неколку цитати од искусниот Ворхол:
„Понекогаш малите нешта за кои мислите дека се ништо додека се случуваат, обележуваат цел период од вашиот живот.“
„Луѓето би требало да се вљубуваат со затворени очи.“
„Не е важно колку бавно се движите, сè додека не застанувате.“ „Потребно е да им дозволите на малите нешта кои обично ви се здодевни, одеднаш да ве воодушеват.“
„Веднаш штом ќе престанете да сакате нешто, ќе го добиете.“
„Луѓето треба да бидат свесни за потребата да научат како да живеат, бидејќи животот е брз и понекогаш завршува пребрзо.“
„Не ми е страв да умрам, само не сакам да бидам таму кога ќе се случи тоа.“
„Луѓето се менуваат кога тие се подготвени за тоа. Никогаш не го прават тоа претходно, а понекогаш умираат пред воопшто да успеат.“
„Најдоброто нешто кај една слика е тоа што никогаш не се менува, дури и кога ќе се променат луѓето на неа.“
„Секогаш велат дека времето ги менува работите, но всушност вие самите треба да ги промените.“
„Понекогаш луѓето му дозволуваат на истиот проблем да ги прави мизерни со години кога едноставно можат да кажат: ‘Па, што’. Тоа ми е едно од омилените нешта за кажување. Па што.“
„Чекањето на нешто го прави повозбудливо.“
„Секоја песна има сеќавање. Секоја песна има способност да ви го исполни или скрши срцето, да ви го затвори срцето и да ви ги отвори очите. Но, се плашам дека ако предолго гледате во нешто, тоа го губи целото значење.“
„Додека вашиот живот се случува, нема никаква атмосфера сè додека не стане сеќавање.“
„Не обрнувајте внимание на она што го пишуваат за вас. Само мерете го во инчи.“
„Само затоа што луѓето фрлаат нешто и немаат никаква корист од тоа, не значи дека е ѓубре.“
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тој е еден од најекстатичните филмски режисери од Европа: Ворнер Херцог е мелем на душа за секој филмски критичар и обожавател
Николас Хулт припаѓа на помладата генерација на актери чија кариера е во постојан подем
Сеќавање на еден од најстрашните филмски ликови на нашето детство