Денеска 21 Април 2026, во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје со почеток во 11.20 часот ќе се одржи промотивен настан со ученици од 23 основни училишта под името „Зеленикс – од предизвик до иновација”, кој го организира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.
„Зеленикс” е креативен и едукативен настан наменет за ученици од основните училишта во Скопје, кој има за цел да ги поттикне младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи (зелени) решенија за реални предизвици од нивната околина.
На настанот ќе се обратaт:
- Проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука
- Г-ѓа Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА
- Дел од градоначалници во град Скопје.
На настанот ќе учествуваат повеќе од 200 ученици од 23 основни училишта, кои преку практична работа, тимска соработка и претприемачки пристап, учениците ќе имаат можност да развиваат идеи и да ги претворат во конкретни иновативни решенија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција