БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во својата најава за настаните за одбележувањето на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание во 1876 година во село Разловци, Градоначалниккот на Општина Делчево Иван Гоцевски сподели своја силна порака пред целокупната Македонска јавност.

Градоначалникот Гоцевски во својата објава на социјалните мрежи го истакна значењето на Разловечккото востание како прво национално вооружено восание на Македонскиот народ, на чие што знаме како историски факт стои името “Македонија”.

“Делчево и нашето Македонско Разловци иако на источната граница од денешна Македонија, во кон крајот на месец април и речиси цел месец мај ќе бидат центар на Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оттука тргнала Македонската вооружена борба за слобода на Македонија. Тука на олтарот на таа борба во срцето на Балканот се распламтило Разловечкото востание пред точно 150 години.

Општина Делчево во партнерски однос со НУЦК “Никола Јонкков Вапцаров” Делчево со сесрдна поддршка и соработка со Македонската влада на чело со Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за култура и туризам, Министерството за одбрана, НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” од Делчево, Националниот конзерваторски центар од Скопје, Музејот на Македонија, Генералштабот на Македонската армија, Националниот ансамбл “Танец”, реномирани научници од Македонија, локални институции и здруженија, ќе ја реализираме најголемата досега манифестација што Делчево ја има реализирано: “150 години Разловечко востание- Искра за вечна слобода на Македонскиот народ”.

Ги поканувам сите добронамерни Македонци и останати гости да го посетат Делчево и да бидат дел од заедничките активности предвидени со програмата.”

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Градоначалник на Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace