Активисти на невладината организација “Жена” остварија работен состанок со градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.
На состанокот беа разговарани прашања од заеднички интерес и делокруг на соработка:
“Заеднички чекори кон посилна и поразвиена заедница!
Денеска, претставници на Организација ЖЕНА Делчево остварија конструктивна работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Иван Гоцевски. На средбата ги презентиравме нашите тековни активности и стратешки планови за идните иницијативи, ставајќи акцент на важноста од институционална поддршка и вклучување на општинската администрација и советот.
Во знак на заедничка посветеност кон подобрување на квалитетот на живот во нашата општина, договоривме потпишување на Меморандум за соработка за следниот проект, со што ја потврдуваме отворената и партнерска соработка со локалната самоуправа.
Продолжуваме посветено да градиме мостови на соработка за доброто на сите граѓани!
The Kvinna till Kvinna Foundation
Општина Делчево/Municipality of Delcevo“
-напишаа на социјалните мрежи од организација “Жена” од Делчево во врска со овој состанок.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар