БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во периодот од 16 до 18 ноември 2026 година, делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошникот на министерот за Полициската академија, м-р Влатко Митковски, учествуваше на настаните во организација на Меѓународната асоцијација на полициски академии (ИНТЕРПА), кои се одржаа во Доха, Катар.

Во рамки на настаните се одржа 15. меѓународна конференција на ИНТЕРПА, на тема „Идната улога на полициските академии во создавањето и управувањето со безбедносното знаење во ерата на дигиталната трансформација“, како и 15. состанок на Генералното собрание и 30. состанок на Извршниот одбор на Асоцијацијата.

Во фокусот на конференцијата беа современите предизвици и перспективи во полициското образование и обука, со посебен акцент на стратешкото управување со безбедносното знаење, дигиталната трансформација, примената на вештачката интелигенција, справувањето со сајбер-криминалот и дигиталните истраги, како и претворањето на практичните полициски искуства во институционално знаење. Беа разгледани и прашања поврзани со современото лидерство, мотивацијата на вработените и унапредувањето на професионалните капацитети преку меѓународна размена на знаења и искуства.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Значаен придонес на делегацијата на МВР беше и презентацијата на заклучоците и препораките од Работилницата за женско лидерство во полицијата, одржана во Скопје, во рамки на состаноците на Генералното собрание и Извршниот одбор. Притоа, акцент беше ставен на унапредувањето на родовата еднаквост, јакнењето на лидерските капацитети и создавањето можности за професионален развој и поголемо учество на жените во раководните структури на полицијата.

На состаноците беа разгледани и идните активности на Асоцијацијата, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу земјите членки, насочена кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на полициското образование и обука.

Учеството на делегацијата на МВР на овие настани претставува потврда на континуираната посветеност на Министерството кон развојот на меѓународната полициска соработка, размената на добри практики и унапредувањето на професионалните стандарди и капацитети во полицијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот