БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гадните 90-ти и антикапиталистичкиот отпор со снежни топки

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Гадните 90-ти и антикапиталистичкиот отпор со снежни топки

Бевме деца на воени лица.

Сите бевме убедени дека ќе ги наследиме татковците.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Кога ги посетувавме во касарната, им викавме на војниците:

„Чекајте, доаѓаме.“

Тие се смееја и викаа:

„На Куково лето. Ќе мислите поинаку.“

Транзицијата влечеше.

Се сеќавам на една сцена во Командата. Татко ми ми даде чоколадо Еурокрем, оние најевтините, жолтите. Секогаш беше стопено, лепливо, замачкано.

Татко ми, во моменти Two Faces, беше крут, авторитативен, изобличен од дрилот на ЈНА.

„Стеви го џебот од винтијагата“ — рече. Излеговме.

Пред капијата имаше војници.

Мене ми падна чоколадото на земја. Татко ми збесна и рече:

„Ме засрами. Испаѓа како да сме го украле.“

„Не ми е срам? Од што да ми е срам? Тие мислиш не крадат дрнч, но за разлика од мене реално? Да не украдов Пицгауери?“

Се црвени. Мислам тоа беше првиот јаз меѓу нас, и тој не можеше да побегне од воениот малограѓански морал.

Ми се гадеше Командата во која стануваше сè подебел и огорчен.

Скиснат бев за акција и се поврзав со Србите кои не беа клекнати.

Го викавме Сплинтер, стаорецот од „Нинџа желки“.

Многумина имаа предрасуди.

Се тепале крвнички.

„Што се дружиш со тие насилници или глупави српчиња?“

Точно, Сплинтер имаше други поимања.

Изјавуваше VHS со карате филмови и Џеки Чен.

И ги гледавме само пресметките во филмот. Моташе дијалог. Мож и вие овие раскази така треба.

Но беше извонреден шахист во градскиот клуб.

Кај флиперите Маруш.

Може неинтелигентен човек да биде велемајстор?

Читаше дамо илустрирани шаховски книги.

Други книги презираше.

„Немој да пишеш“ — ми викаше. „Се’ е напишано.“

И бидејќи мајка му беше мариовка од Скочивир, ги деконцентрираше соиграчите пеејќи народни песни.

„Седна баба да вечера,
Да вечера, да вечера,
Тропкаше со прстите.“

Па продолжуваше.

„Што ми изеде клета баба
Три кокошки печени,
Два ми летни галаба,
Една ере-би-ци ере-би-ци…“

Никако не можев да и запамтам името. Му викав: „Ај, три кокошки печени.“

И тој:

„Баба била злојасна,
Пак не се најала.“

Татко му се скина од војската и стана трговски патник.

И Сплинтерот го пратеше и шетаа нон-стоп, а му пишуваа петки.

Школото отиде у пичку матер.

Еднаш не начекаа двајца курантари кај Стаклената. Нашето разидување.

Се вдадов да трчам и се вртам, Сплинтер ги дешкаше со боксови и двајцата.

Се сврти кон мене и налутено:

„Што бегаш, дрсло? Дој да ги решиме.“

„Не треба. Сакам да бидам жив.“

Испаднав пророчки. 7–8 години подоцна го пропука Црногорец со ладно оружје на одмор во слична тепачка.

И таму тепаше, но овој тип од Котор му извади пиштол, го пробуши и едвај преживеа. Но, тоа е друг расказ.

Нивната зграда беше издолжена, со пет влеза.

Главен беше Драго, наречен Секачот, по лошиот од „Нинџа желки“.

Ако можам да кажам карактеристика, беше што кога пушеа цигари зад зграда, им удираше одеднаш шлаканица на другарите.

Тие, запрепастени, а Секачот му викаше:

„Иииииики, тттттатко ти!“

Божем дошол, тој ти удира шлаканица како да дошол татко му.

Играа по цел ден покер, како нивните родители, со ситни пари. Инсистираше да биде тренди.

Очила за сонце, вртеше скакавци, ножеви и Јојо Светлечи, прв проба кокаин потоа — но е друга приказна.

Се збиравме горе на зградата и оттаму правевме снежни топки или големи грутки кои ги пуштавме вертикално надолу и правеа:

„Бууууум!“

Особено ако паднеа врз нечија глава.

Под зградата имаше покрив и влез, но ние пазевме некој да не влезе и да не почне да се качува по нас горе.

Во тој случај, тој е горе, а ние му се смееме одоздола.

Сега не требало да се генерализира. Генерализирам.

Србите беа каскадери предводници.

Фрлавме со топки и бевме немилосрдни.

Луѓето избезумени трчаа по паркингот како да е војна.

Не можевме повеќе да ја поднесеме транзицијата и презедовме отпор.

Имаше на „Радио Битола“ контактна емисија и ни пренесоа дека се јавил некој и рекол:

„Оние хулигани од стара автобуска гаѓаат со топки снег. Градот не е тоа што беше.“

Не е.

Бевме уште погорди што ги нервиравме малограѓаните и граѓаните, сеедно.

Секачот викаше, иако пелтечеше:

„Ќе ги разбиеме овие пичкетини!“

Денес сум средовечен дефетист.

Но ми недостигаа тој, кој се викаше Драго, и неговите другари кои се викаа исто и ги викавме Драговци.

И нивниот зулум!

Пишува: Алекс Букарски

Креирано од:


Пренеси го гласот