БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пакетите од Шикло

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

И од нашата и од зградата над поранешната автобуска станица имавме јазичен спор.

Дали е „пред зграда“, како што викавме ние од коцката, или „зад зграда“, како што викаа тие.

Името на Ѕвончарите беше улица П. П. Његош, ако некој воопшто ја викаше така.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Имаше мала печатница што се викаше „Шикло“.

Мирисаше на мастило и топла хартија.

Се печатеа покани, брошури, каталози.

Ние игравме фудбал во улицата.

Еден ден постарите деца ги гледаа пакетите со брошури како се истовараат пред магацинот.

Кога вработените отидоа на пауза, другарчињата вчопија два пакети.

Ги подаваа еден до друг, за да не останеме надвор.

Се стрчавме.

Дали не видоа? Нагаѓавме.

Брошурите беа некои технички упатства. Деталите веќе не ги паметам.

Ги однесовме кај бункерите.

Неколку дена потоа тројца вработени во плави мантили трчаа кон нас, каде игравме пред „Шикло“.

Тие трчаа којзнае по што.

Ние, со валкан газ, помисливме дека трчаат по нас, и се втуривме по Ѕвончарите.

Пишува: Алекс Букарски

Креирано од:


Пренеси го гласот