БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани го распиша конкурсот за доделување 30 стипендии на студенти, жители на Кочани. Десет стипендии ќе бидат наменети за студенти од социјално загрозени семејства, пет за студенти од ромската етничка заедница, студенти со попреченост и за студенти со ретки болести, пет за студенти на факултетите за медицински науки, а останатите стипендии за студенти кои постигнале висок успех во студирањето.

Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница,  студенти со попреченост и студенти со ретки болести или ако нивните пријави се оценети како неприфатливи, стипендиите распределени за овие категории, ќе се доделат на студентите од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување стипендија, според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа.

Месечниот износ на општинската студентска стипендија е 4 илјади денари, а се доделува за десет месеци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пријавата и потребните документи се поднесуваат до Едношалтерската канцеларија на  Општина  Кочани или по пошта на адреса: Општина  Кочани, ул. „Раде  Кратовче“ бр. 1, Кочани, најдоцна до 30 ноември.

Креирано од:


Пренеси го гласот