БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

30 години од смртта на Курт Кобејн: Неговата оставина за светот по него

Пренеси го гласот

Еден од највлијателните музички бендови кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век кој што остана актуелен до ден денес е Гранч составот “Нирвана”.

Курт Кобејн како фронтмен на бендот вокал и гитарист, Крис Новоселиќ како басист и Дејв Грол на тапани ја кренаа еуфоријата на андерграунд рок звукот кој подолго време тлееше во Сиетл на ниво на меинстрим со што следуваше поплава од фанови помеѓу младите низ целиот свет. Бендот стана планетарно познат со издавањето на нивниот хит сингл “Smells like teen spirit” кој што потоа се најде на нивниот втор студиски албум кој излезе во продажба на 24 септември 1991 година. Албумот ги запоседна топ листите ширум планетата и опстојуваше подолго време со повеќе хитови од албумот.

Нивниот претходен прв студиски албум “Bleach” излегол на 15 јуни 1989 година но иако влезе на топ листите на повеќе земји низ светот, сепак не доживеа некоја светска слава.

Третиот албум “In Utero” издаден на 13 септември 1993 година иако јаваше на бранот на славата на неговиот претходник и беше одличќно примен од публиката и фановите, сепак неговиот релативно помрачен призвук и лирика го оделија од топ меинстрим публиката низ светот.

Како едни од родоначалниците на Гранџ Рок правецот Nirvana заедно со Alice in chains и Pearl Jam а потоа и Soundgarden се дел од големата четворка која што своето географско потекло од Сиетл го брендираше како светски музички правец кој во годините што доаѓаат ќе егзистира сам за себе во морето на различни музички правци особено во Рок музиката.

Целата музичка еуфорија околу Гранџ музиката и воопшто целиот музички свет беше од корен потресена со ненадејната смрт на фронтменот на Nirvana Курт Кобејн.

На 5 април 1994 година целиот музички свет беше шокиран со овој црн настан кој што во целост негативно се рефлектираше на подемот на гранџ музиката во светот.

bregalnickimarketing

Наследството на музички план што остана зад Курт Кобејн се мери во огромно влијание на артистички план, милиони долари заработка на музичката индустрија која што е носител на авторските права, како и во идеолошка смисла како поп-рок икона на цела една генерација млади луѓе ширум светот.

На семеен план Курт Кобејн зад себе остави една ќерка Френсис Курт Кобејн која што на свој индивидуален автентичен начин се обидува да заплови низ артистичките води необременета од наследството и големината на нејзиниот татко.

На 5 април се навршија 30 години од трагичната смрт на Курт Кобејн, а неговото дело и ден денес е актуелно не само кај неговите современици туку и меѓу новите генерации на рокери кои што потекнуваат од времето по неговата смрт.

Креирано од:


Пренеси го гласот