Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Кети Пери – Интересни факти кои можеби не сте ги знаеле [галерија]

Пренеси го гласот

Кетрин Елизабет Хадсон или попозната како Кети Пери е американска пејачка, јавна медиумска личност и текстописец. Таа е една од највлијаелните личости во поп музиката со дефиниран нејзин сопствен стил на “Кампи” поп музика.

Кети Пери е родена во 1984 година а нејзините први чекори во музичкиот свет биле на нејзина 16 годишна возраст. Во 2001 година го објавила својот прв музички албум Кети Хадсон но тој бил комерцијално неуспешен.

Погледнете неколку интересни факти поврзани со нејзиниот живот:

1. Родена е на 25 октомври 1984 година во Санта Барбара, Калифорнија.

2. Таа има вокален опсег на три октави. Започнувајки од Д3-А5-Д6.

3. Кети Пери не е всушност нејзиното вистинско име. Нејзиното полно име е Кетрин Елизабет Хадсон, но таа подоцна го смени името за да избегне забуна со актерката Кејт Хадсон.

4. Пери е всушност името на нејзината мајка.

5. Таа има постара сестра, Ангела и помал брат, Дан.

6. Таа ги именува Аланис Морисет и Фреди Меркјури како најголеми влијанија врз нејзината музика.

7. И двајцата нејзини родители се пастори. Таа ја започнала својата кариера со  пеење во нејзината родна црква на 9-годишна возраст каде што пеела се до 17 години.

8. Кети Пери и Пол Макартни се практично најдобри пријатели.

9. Пери пораснала со строги христијански родители, каде не и  било дозволено ниту да ги гледа Штрумфовите, ниту да го чита Хари Потер. Иронично, во јули 2011 година Кети го направи своето деби во филмот како Штрумфета во Штрумфовите.

10. Познатите личности се опседнати со социјалните мрежи и социјалните медиуми. Тие станаа редовни корисници на социјални мрежи, како што се Фејсбук и Твитер. Кети Пери не се разликува. Таа одржува активен Твитер за да остане во контакт со своите обожаватели. Во октомври 2012 година, беше откриено дека твитер профилот  на Кети Пери има трет најголем број на следбеници по Џастин Бибер и Лејди Гага. Таа на нејзиниот твитер профил има околу 108,7 милиони следбеници.

11. Кети Пери е геј активист. Таа е исто така една од оние познати личности кои гласаа „НЕ“ на „Про 8“, што беше изменет и дополнет во државата Калифорнија за да се изјасни дека бракот може да се склучи само меѓу маж и жена. Таа го поддржа претседателот Барак Обама на последните избори, бидејќи тој беше поддржувач на хомосексуалниот брак. Не само тоа, Кети Пери беше видена и како се бакнува со Винопи Голдберг во 2008 година по нејзиниот настап на ТВ.

12. Кети Пери се омажи со британскиот комичар Расел Бренд на 23 октомври 2010 година во Раџастан, Индија, додека тие беа на одмор таму. Церемонијата беше спроведена на традиционален индиски начин. Сепак, двајцата поднесоа барање за развод по само 14 месеци брак. Причината, како што напомена Кети Пери, зад нивниот развод била поврзана со зголемување на семејството.

13. Кети Пери поседува делови од косата на Тејлор Свифт и Мајли Сајрус и ги чува во нејзината чанта.

14. Кети Пери има 4 тетоважи. Таа го тетовираше „Исус“ на левиот зглоб, тетоважа на левата рака на санскрит, што значи „Оди со проток“, јагода тетоважа на левото и на десното стапало, и тетоважа со пеперминт.

15. Кети Пери и Аврил Лавињ се женски пејачки со свои најкарактеристични стилови. Освен нивните различни музички стилови, и двете имаат и поинаков вкус кога станува збор за модата. Меѓутоа, кога Кети Пери ја започна соработката со Columbia Records, брендот сакаше таа да биде следната Аврил Лавињ, што очигледно беше одбиено од Кети Пери.

16. Кети Пери има мачка  по име Кити Пури. Таа е заљубена во својата мачка и често може да забележиме како и прави фризури на Кити. Не само тоа, Кити Пури има свој блог и исто така беше номинирана за тинејџерски избор за награда во категоријата Најдобра славна личност и миленичиња во 2009 година.

17. Таа користи јаже за скокање за да може физички да се оддржува и да има беспрекорно тело.

18. Кети Пери се откажа од училиште кога имала само 15 години и заминала од дома на 17-годишна возраст за да ја продолжи својата музичка кариера. Таа никогаш не го завршила своето образование. Може да се примети дека таа е многу “сиромашна” во правописот.

19. Кога излезе нејзината песна „Јас бакнав девојка“, таа стана диво популарна кај обожавателите. Дури и денес, кога ја изведува песната за време на нејзините концерти, публиката полудува.

20. Облеката која не и е веќе потребна, Кети Пери ја подарува на својот екипаж во бекстејџот.

21. Таа за прв пат го привлече вниманието на продуцентите од Нешвил,кога имаше само 15 години и пееше во црковен хор.

22. Во 2010 година таа се појави како гостин судија заедно со Симон Кауел во „Х Фактор“.

23. Таа има напишано песни за Селена Гомез, Ешли Тисдејл и Кели Кларксон.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com