БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рудолф Штајнер и неговите 10 животни заповеди

Пренеси го гласот

Животот не е само рози, туку често се боцнување и на трњето. Животот е една возбудлива приказна , убава но и тешка, со висини но и падови. Најважно е да се бориме , да не се откажуваме , и да уживаме во сите убавини и да ги надминуваме сите предизвици.

Рудолф Штајнер е роден на 27 февруари 1861 година во Краљевац кој што бил дел од поранешното Унгарско кралство а денес се наоѓа во Хрватска. Студирал на колеџот за технологија во Виена а од Универзитетот од Росток се здобил со титула доктор на науки со докторска дисертација на тема Теорија на знаењето.

Австрискиот филозоф ни ги открива неговите 10 животни заповеди со кои нѐ поучува многу за науката и духовноста.

1. Секој човек има скриени способности за постојано лично и духовно усовршување.

2. Бидете скромни и развијте го во себе чувството на длабоко и искрено почитување на вистината, природата и вселената.

3. Воздржувајте се од критикувањето, осудувањето на другите луѓе и оговарањето. 4. Секојдневно медитирајте, дури и по само 5 минути.

5. Смирено и без предрасуди, набљудувајте ја природата повеќе со срцето отколку со умот.

6. Бидете свесни дека за секој чекор напред, мора да направите 3 назад.

bregalnickimarketing

7. Трудете се да бидете смирени, достоинствени, храбри и одлучни.

8. Трудете се вашиот живот да биде складен.

9. Развијте во себе чувство на скромна припадност на човечкиот род, природата и универзумот.

10. Повремено застанете и направете ревизија на сѐ што ви се случило во минатиот период.

Креирано од:


Пренеси го гласот