Народните мудрости најчесто зборуваат за искуство на генерации претходно пренесувани од колено на колено се до денешен ден кога нивното значење повторно и повторно добива своевидна потврда. Но во услови на забрзан модерен ритам на живеење кој го носи денешното време на дигитализација и браза интероперабилност на комуникацијата, се поставува прашањето колку индивидуата има време да подзастане и да побара помош во досегашното општо прифатено искуство и морални и општествени норми кои што овозможуваат соодветен тек на општествените правци на живеење.
Македонската народна ризница на мудрости е длабока и комплексна материја која треба многу повеќе да биде присутна во секојдневието на нашиот народ, пред се кај помладите генерации кои може многу да научат од таа ризница за потоа истите тие вредности да ги манифестираат во своите индивидуални животни патиште.
Денес овде ќе пренесеме неколку мудрости кои многу интензивно може да го подобрат животот на секоја единка доколку соодветно се применуваат.
- Ако зборуваш премногу, ќе излажеш.
- Ако размислуваш премногу, ќе паднеш во депресија.
- Ако плачеш премногу, ќе го изгубиш видот.
- Ако сакаш премногу, ќе се изгубиш себеси.
- Ако се грижиш премногу, ќе те земаат здраво за готово.
- Ако се шегуваш премногу, често нема да те сфаќаат сериозно.
- Ако веруваш премногу, ќе бидеш предаден.
- Ако работиш премногу, ќе умреш од стрес.
- Ако јадеш премногу, ќе станеш дебел.
- Ако спиеш премногу, ќе станеш мрзлив.
- Ако трошиш премногу, нема да имаш иднина.
- Ако ставаш премногу шминка, ќе ја изгубиш својата убавина.
- Ако гледаш премногу наоколу, ќе го изгубиш фокусот.
- Ако премногу се впушташ во животните стремежи, ќе изгубиш сè.
И на крајот…
- Ако очекуваш премногу, ќе се разочараш. Не претерувај во ништо, бидејќи тоа „премногу“ може многу да те повреди.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ