Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Кејт Винслет е една од најпочитуваните актерки во Холивуд

Пренеси го гласот

Кејт Винслет е една од најпочитуваните актерки од страна на критиката но и публиката во Холивуд. Таа е вистинска Англиска роза… убава, горда, опасна, мистериозна. Нејзините филмски ликови се комплексни, повеќеслојни карактери кои пленат со својот драматуршки наратив и распространетост на филмсото платно. Нејзината кариера започна со мали романтични драми за да експлодира со улогата на Роуз во Титаник на Џејмс Камерун со Леонардо Ди Каприо како нејзин партнер во филмот.

Други препознатливи улоги на Кејт Винслет се оние во филмот Revolutionary Road (во кој што настапи повторно со Леонардо Ди Каприо), Eternal Sunshine of the Spotless Mind со Џим Кери каде имаа маестрални улоги, Little ChildrenFinding NeverlandSteve JobsThe Holiday, како и The Reader за чија што улога на поранешна соработничка на нацистичкиот режим во Германија освои Оскар за најдобра женска улога.

Во последните години таа е повеќе посветена на улоги на ТВ серии како што се Mildred PierceMare Of Easttown, како и Am Ruth.

Иако со Титаник даа доживеа светска слава, сепак продолжи да глуми во независни филмови кои што ја претворија во една од најпочитуваните актерки од страна на филмските критичари.

Кејт Винслет е родена во Ридинг, Англија на 5 Октомври, 1975 година во семејство на ирски и шведски дисиденти. Кејт Винслет има две сестри- Ана и Бет како и помлат брат Џос.

На чинот на нејзиното доделување на Оскарот од страна на филмската академија во Лос Анџелес, немало ниту еден скандал, без никакви лобирања, ништо спектакуларно…. Достоинствено и со сите вистински почести таа го доби своето признание за најдобра актерка од светски ранг. Дури шест добитници на Оскар нејзе и имаат доверено главна улога во нивните филмови.

За нејзе најомилена улога е онаа во филмот “Вечен сјај на беспрекорниот ум” каде ја глуми Клементина покрај локот кој го глуми Џим Кери.

Во нејзината досегашна кариера Кејт Винслет има 104 награди и признанија како и 178 номинации.

Таа е една од најубавите жени во филмската индустрија која пред се плени пред се со својот карактер, личност и харизма.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com