БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пијанец- Малеш имаат со што да се гордеат: Богатството со квалитетна модра слива е силен предуслов за одржлив рурален развој на регионот

Пренеси го гласот

СИТЕ АВТОРСКИ ПРАВА СЕ ЗАШТИТЕНИ ©
Не е дозволено превземање на содржина (текст или мултимедијални содржини) без посебен договор со Брегалнички.мк

Вовед

Секое поднебје во Македонија дефинирано со одредени микро-географски, метеоролошки и педолошки карактеристики е уникатно на свој сопствен начин. Ваквите одлики на околината збогатени со различноста на традицијата на народот која со генерации од памтивек се одржува, развива и надградува се иникатни до таа мера што се претворени до ниво на митологија и легенди…Понекогаш луѓето се тие кои ги дефинираат настаните, но понекогаш настаните и случувањата се тие кои артикулираат влијание врз луѓето.

Во случајот со пијанечкото модро злато- сливата, овој процес оди во двете насоки. Луѓето со својата работа, иновативност, посветеност создаваат услови за развој на сливарството, но и сливите со својот благодет се тие кои даруваат живост и духовност во животите на луѓето. Затоа значењето на сината слива како култура во секојдневието на пијанечко-малешевскиот човек игра важна улога од памтивек до ден денешен.

Историска генеза на сливарството во регионот Пијанец-Малеш

Уште од памтивек Делчевско и целиот Пијанечки регион е познат по квалитетот на сината слива која од најдамнешни времиња се произведувала на овој простор. Поволните микроклиматски природни услови и благонаклонети геолошки и педолошки карактеристики на почвата како и богатата хидрографска мрежа на водотеци се идеални за производство на сливата.

Во Делчевско-Пијанечкиот регион биле присутни едни од најпознатите сушари на сина слива во целата Отоманска империја. Постојат кажувања од повозрасни луѓе дека од овој регион биле носени товари со сушена слива и природен маџун од овие сушари директно на дворецот на Султанот, со помош на специјално организирани каравани за таа цел.
Целиот процес на подготовки и справување со родот од пространите плантажи на сина слива во Делчево отсекогаш бил бележит и живописен и е длабоко вкоренет во традицијата на народот од овие простори.
Со овој процес се поврзани практични постапки, испреплетени со народни кажувања, легенди, верувања, песни и ора што му дава и длабока социолошка димензија на целиот процес доведен до ниво на животен ритуал. 

Овие специфики варираат од село до село во Пијанечко- Малешевскиот крај, па дури и од семејство до семејство кои произведуваат и ден денес сина слива со различни специфики кои се различни од семејство до семејство во кои може да се согледаат идентитетските особености на семејствата и пошироката заедница.

Во пијанечкото село Тработивиште од каде што во време на Отоманската Империја тргнувале товарени караваните со сина слива со крајна дестинација во Цариград или Солун, до неодамна имаше остатоци од поранешните сушари на сина слива кои биле градени на традиционален начин.

Димитар Узунски со остатоци од традиционална фурна/сушара за сини сливи во село Тработивиште. Фото 18.02.2010 година

Фото: Думитар Узунски покажува каде во минатото се сушеле сливите во село Тработивиште и каде се произведувал маџун од сина слива

Официјална статистика на застапеност на стебла со сина слива во Делчево, Берово и Пехчево

Врз основа на официјалните статистички податоци од Државниот завод за статистика во регионот Пијанец- Малеш во последните 10 години (2014-2023 година) бројот на засадени и бројот на родни стебла на сина слива варираат со мала тенденција на раст.

Така во општините Делчево, Берово и Пехчево во 2014 година биле евидентирани вкупо засадени 364 950 стебла на слива од кои 297 430 биле родни стебла на слива. Во 2023 година вкупниот број на засадени стебла бил 417 025 од кои 402 275 стебла биле родни.

Табеларен приказ на бројот на засадени и бројот на родни стебла со слива во изминатите 10 години во Делчево, Беров и Пехчево е даден во сл. табела:

ГодинаОписДелчевоБеровоПехчевоВкупно
2014Вкупен број на стебла107 020170 10087830364 950
Број на родни стебла91800137 80067830297 430
2015Вкупен број на стебла147 406164 10087 896399 402
Број на родни стебла132 206146 10070 800349 106
2016Вкупен број на стебла147 426169 10087843404 369
Број на родни стебла132 206146 10070 833349 139
2017Вкупен број на стебла158 226146 10087 815410 141
Број на родни стебла143 006164 10079 305386 411
2018Вкупен број на стебла157 140164 90087 690409 730
Број на родни стебла141 920164 10087 680393 700
2019Вкупен број на стебла156 340166 600 87 690410 630
Број на родни стебла139 620164 60087 680391 900
2020Вкупен број на стебла185 820166 60087 680440 100
Број на родни стебла168 200166 60087 670422 570
2021Вкупен број на стебла152 020166 60087 500406 120
Број на родни стебла137 400166 60087 500391 500
2022Вкупен број на стебла148 020166 60087 680402 300
Број на родни стебла133 400166 60087 680387 680
2023Вкупен број на стебла144 320172 705100 000417 025
Број на родни стебла129 700172 575100 000402 275

Иако од Државниот завод за статистика се дадени и евидентирани количини на приноси на слива, истите не се релевантни затоа што голем дел од производството на сливи оди за домашни потреби кои не се евидентираат од ниту една институција официјално, што е своевиден недостиг во целиот систем за планирање и дистрибуција на производството на слива од регионот на Пијанец и Малеш.

Тоа е своевидна сива зона во производството на слива во која главна улога играат и т.н. диви прекупци на родот на сина слива зависно од пазарите и побарувачката.

Воспоставување и развој на манифестација “Пијанечки денови на сливата” во Делчево

Манифестацијата “Пијанечки Денови на Сливата” за првпат се организираше во 2013 година од страна на Општина Делчево, по иницијатива на Градоначалникот Дарко Шехтански врз основа на неговите програмски определби содржани во неговата предизборна програма со која ја доби довербата на граѓаните на локалните избори во април 2013 година. Во таа 2013 година настанот беше организиран во соработка со повеќе здруженија од областа на земјоделието и руралниот развој како и мноштво приватни стопанственици кои имаат своја дејност поврзана ос производството на сина слива и производи од сина слива за широка потрошивачка..

Тенденција на манифестацијата беше истата да прерасне во регионална, во периодот кој следуваше. Но поради недостиг на визија, недефинирани цели и приоритети, нивото на манифестацијата не е задоволително од она што првично беше планирано да биде.

Термин: Прва половина на септември
Локација: Центар на Делчево, летна сцена, повеќе приватни насади на слива во Делчево.
Организатор: Општина Делчево

По првата организација на манифестацијата потоа секоја наредна година кон средината на месец септември Општина Делчево ја организира манифестацијата “Пијанечки денови на сливата”. Централниот настан на манифестацијата се одржува во градскиот парк во центарот на Делчево пред Спомен домот АСНОМ започнувајќи од рано утро.

bregalnickimarketing

Клик тука за преглед на останати видео прилози за манифестацијата на нашиот youtube канал.

Настанот е конципиран како промотивен за повеќе видови на производи од слива која во голем дел се произведува на ова поднебје на регионот на Пијанец и Делчево. Големиот број на површини на насади од сина слива кои доминираат во земјоделието во делчевско се една од главните карактеристики по кои се карактеризира ова подрачје од државата.

Клик тука за да дознаете повеќе детали за сината слива во Пијанец и Делчево

Голем е уделот на остварување на финансиски обрт на пари како за приватните фирми кои работат со производство и трговија со сина слива така и за финансиските ефекти во државата. Слична е ситуацијата и со повеќе индивидуални производители кои имаат дополнителни приходи во семејството по овој основ. Оваа практика и тренд на раст на земјоделските површини покриени со насади на слива се интензивираше во последните неколку години, со оглед на интензивното државно субвенционирање на оваа стопанска гранка.

Организацијата на манифестацијата “Пијанечки денови на сливата ” од страна на Општина Делчево е од особено значење бидејки придонесува кон зголемувањето на препознатливоста на големата лепеза на производи базирани токму на сливата како основна суровина. И како таква треба да се најде начин истата да продолжи да се реализира соодветно на потребите и можностите но со задолжителен предзнак на развој и диверзификација на содржини на манифестацијата.

Во рамки на манифестацијата секоја година на платото пред летната сцена во паркот во Делчево се препекува слива од поднебјето на регионот на Пијанец, се подготвуваат мармалад, различни џемови, компот, се промовираат и дегустираат различни традиционални и современи специјалитети од домашни пецива и слатки итн. И сето тоа е придружено со убава традиционална музика, пропратено со традиционални обичаи и кажувања, со дефиле на традиционални носии и многу други изненадувања.

На манифестацијата уште од самиот почеток присуствуваат поголем број на посетители и туристи кои во овој период се во посета на регионот на источна Македонија.

Напорите на надлежните власти треба да одат во насока на поддршка и стимулирање на здружување на производителите со цел за обезбедување подобар квалитет и квантитет со кој ќе обезбедат постојан пласман на странските пазари. Дополнително надлежните институции треба да направат напори за поддршка на процеси за производство на секундарни производи со додадена вредност на производите од слива, со што и државата ќе има свој поголем финансиски бенефит.

Производството на сина слива и производи од сина слива за регионот на Пијанец Малеш има голем потенцијал за постигање на одржлив развој во оваа дејност од земјоделието со што претставува солидна подлога за одржлив рурален развој во наредниот период за погоелмиот број на села.

Користени материјали за оваа статија од веб порталот: Дестинација Делчево


#WhatsToSee #ExperienceDelcevo
@ Destination Delcevo @ bregalnicki
www.destinationdelcevo.mk www.delcevo.org.mk

Нов серијал на наши текстови насловен како “Прошетај по Брегалница”, за претставување на Брегалничкиот регион и неговите знаменитости.

СИТЕ АВТОРСКИ ПРАВА СЕ ЗАШТИТЕНИ ©
Не е дозволено превземање на содржина (текст или мултимедијални содржини) без посебен договор со Брегалнички.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот