БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

Пренеси го гласот

Коле Неделковски (роден како Никола Крстев Неделков; 16 декември 1912 – 2 септември 1941) е истакнат македонски поет и активист за Македонската кауза помеѓу двете светски војни.

Роден е во селото Војница, близу до Велес, на 16 декември 1912 година во сиромашно земјоделско семејство. Гимназија завршил во Велес, но морал да го прекине образованието, поради недостаток на пари. Заминал во Скопје во потрага по работа и го посетувал трговското училиште.

Поради неговата револуционерна активност бил прогонуван од великосрпскиот режим, поради што во 1933 година пребегал во Бугарија. Воспоставува контакти со синот на Крсте Петков Мисирков кому ја изразува својата почит кон големиот македонист и пронаоѓа примерок од уништената книга „За македонцките работи“ во софиската библиотека.

Во 1938 година на страниците на „Илустрација Илинден” објавена е неговата прва песна „Стојан војвода” („Стојан на Ордановци”). Една година подоцна во Македонскиот книжевен кружок другарува со Никола Вапцаров, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Венко Марковски и други македонски револуционерно-книжевни дејци. Кон крајот на 1939 година ја издава својата прва стихозбирка „М’лскавици”, со која го поддржува трендот на пишување македонска поезија со македонска тематика и употреба на македонски јазик.

Во 1940 година станува член на диверзантска група „Млади антифашистички борци”. Во август 1941 година излегува од печат неговата втора книга „Пеш по светот”. Само десет дена подоцна, на 2 септември 1941 година, Коле Неделковски го завршува својот живот, при обид на бугарската полиција да го уапси во станот во кој живеел. Останува неразјаснето дали бил фрлен од полицајците или самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба. Сведоците на настанот потврдуваат само дека слушнале експлозија на бомба во зградата, а потоа виделе како Неделковски паѓа на плочникот. По Втората светска војна, на местото на настанот е поставена спомен плоча, која подоцна исчезнува.

Коле Неделковски важи за еден од најголемите револуционерни поети во македонската историја. Неговата песна Глас од Македонија е една од најпознатите револуционерни песни во македонската литература.

Заедно со Антон Попов, Венко Марковски, Кочо Рацин и Никола Јонков Вапцаров се најзначајните поети кои во суштина се темелници на современиот Македонски литературен јазик низ чие дело се создадени речиси сите литературни дејности и родови.

Со текстот на оваа песна од Коле Неделковски Македонскиот музичар Горан Трајковски направи ново музичко дел застапено на неговиот последен албум “Тешкиот глас на новите химни”.

Глас од Македонија
О, трајте, трајте, тирани недни!
Доста се тија лаги и злоба —
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.
Та ете веќ векови цели
писка и стенка од волци гости –
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски.
Па нека сега сам да си реши
со своја волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши,
д’издигне славно свој род без врева.
Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј — на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.

Денес Средното стручно училиште во Велес го носи името на Коле Неделковски а неговата поезија е светол патоказ за сегашните и идни генерации на Македонци за тоа како вистински се сака слободата.

-ОДРОДЕНИ-

Зошто, синко, така траеш,
зошто бујна глава ведееш,
зошто машко срце стегаш
и сред пламен – младост чмаеш?

bregalnickimarketing

Треска ли те силна тресе,
тешка ли ти куќа тежи,
прва ли те изгор рани,
слана ли ти младост слани?

„Ни ми, мајко, куќа тежи,
ни ме прва изгор рани,
ни ми слана младост слани,
туку силна жалба жалам.

Ете веќе цела вечност,
како, мајко, болна лежиш,
никој в куќи не ни стапил,
нити пусто некој прашал.

Дал си, мајко, род немаме,
ели спомен лош не дели,
та не можат да ни дојдат,
ели гајрет да ни пратат?“

– Дејди мое мило чедо,
не ме прашај – гре ме вие,
род се има, род се знае,
кога в куќи пукот врие.

Ами сега страшна болест,
пуста бедност над нас тежи,
кој ќе сака да ни дојде.
кој ќе сака да не види?

Креирано од:


Пренеси го гласот