Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба во Владата со претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, и потпретседателот Абдуш Демири, на која се разговараше за Предлог-измените на Изборниот законик.
На средбата беше истакнато дека овие измени, доставени од ДИК до Собранието и Министерството за правда, се од особено значење за унапредување на реформската агенда и спроведувањето на изборните реформи.
Присутните се осврнаа и на последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, кој позитивно го оценува организирањето на Локалните избори 2025 година, нотирајќи напредок во демократските процеси.
Владата останува посветена на реализацијата на реформите согласно предвидената динамика, со цел зајакнување на демократските стандарди и обезбедување слободни и фер изборни процеси.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети