Две раг’ања
Во овој ден се родив јас
пред дваесет и две лета,
и никој мојот детски глас
со радост не го сретнал;
И денот дури место в сјај
во облак сив бил скриен.
Во крчмите, кој знае кај,
од тага тате пиел.
Две раце имал! Само две!
И работел без смена.
За двајца носел малку леб.
За двајца! А за мене?
Тој живот бил и клет, и луст.
И сосем малки чинел:
две стари черги, кревет кус
јорган на две скинат.
Зар требало штом така, ех
да крева некој чаша,
да наздрави со весел смев
за нас и дните наши?…
…Во овој ден се родив јас
а дваесет една пројде ..
Чуј друже! Почуј! Детски глас
во нашата соба дојде.
Се роди дете… Овој миг
се раѓа в градов друго
и ќе го сретнат тој нов вик
со радост многу луѓе.
И таткото сред мисли рој,
штом сврши прва смена,
ќе брза дома, синот свој
тој в раце да го крене.
Леј друже! Полни чаши леј!
Да расцветат ко рози
на овој чуден јубилеј
на децата во поздрав.
Да крепнат тие секој ден
штом светли дни ги чекат,
штом за нив нема да е болен
тој вечен повик-среќа!
До целта нивна патот прав
да биде лесен, близок.,
Со чекор тврд, со чекор здрав
да стапат в комунизмот.
Србо ИВАНОВСКИ
Песната е дел од изданието Македонска лирика издадено од страна на Уредот за информации при Владата на Народна Република Македонија во 1950 година


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун