БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Славко Јаневски: Еден заборавен печалбар тагува за својот вилает

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Еден заборавен печалбар тагува за својот вилает

Љубени селани,
дебрани,
класје – од безмеѓа црница никнати,
искри – од дедовско огниште бликнати,
јаблани,
еве ви пишувам – стиснат зад неколку јабани.
Наслушнав – слава на горниот
луѓе и вие сте станале,
на нозе пак сте застанале,
негде, од земјата студена,
со крвје што сте ја поеле,
за себе мера и кроеле
секоја бразда со скрвавен чекор и броеле,
никнале, ко ден и по деница,
амбари полни со пченица.
Роднини родени,
в румена зорница зачнати,
луто од бездушник начнати,
в гора од омраза водени,
крвави чекори жито ви завева,
мене на туѓина – чемер ме навева.
Дваес’ и втора е година,
одкако заминав
на пат – од својата родина.
Пустиња, брате, е ова,
нова Америка,
горка чемерика.
Живееш, патиш и сивееш,
та ил’ ќе загинеш
ил’ ќе подивееш.
Туку и нешто на вера:
гладните луѓе нa секаде
некако сили си мерат.
За гуша гладта ги стиснала –
тие се кренале в стачка,
крвта ко дождница плиснала
бојот со црната плјачка.
Расправа еден од вилает –
(да ми е довека жив)
некогаш Карл Маркс ни нарачал:
скини го синџирот сив.
Ако го скршиме врагот
рај ќе е кај што е пекол –
вели – леб ќе се најде
за сите љуѓе на веков! ! !
Ако е така ќе најдам мест
во таа атака, поарно в битка да зајдам
одошто да тлаем во мака.
Зошто да сокривам –
гладувам,
ниту за залак спечалувам.
Еј, радост крилена-милена,
на сон во дебарско наминав,
вашите стада ги посретнав
прснати сегде по планина.
Пустињо стопанска,
срцето солзи одронува,
вие в село се смеете:
гладниот и просо сонува!
Туку –
сполај на господа –
има и полошо в светов,
знаете – стрико ми Никодин…
тој како од ум да се сметнал.
Нема ни куќа ни куќиште,
в болка изгорува,
живее негде на буниште
самиот со себе зборува:
Господи душава земи ја,
или пак дома испрати ме
светиниколската гемија!
Потаму што да ви напишам?
Писмово до вас го испракам
некако за да се издишам.
В словава небаре
тагата ќе ја оставам.
Простете.
Вашиот секогаш
Илија Илевски – дебарец

Славко ЈАНЕВСКИ
Песната е дел од изданието Македонска лирика издадено од страна на Уредот за информации при Владата на Народна Република Македонија во 1950 година

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace